Апел за почист град! Комуналците за три дена собрале 98 црни вреќи со отпад од коритото на градската река

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Kомуналните работници од ЈКП  Комуналец Прилеп, интензивно работат на темелно чистење на коритото на Градската река собирјаќи отпадоци донесени со последните врнежи од дожд, но и од отпад што. Комуналците тврда дека овој отпа  е несовесно исфрлан од граѓани и деловни субјекти на  зелените површини од градската река и во нејзиното корито.

Од општината апелираат до граѓаните и сопствениците на бизниси кои гравитираат околу Градската река, отпадот да се собира и да се предава на комуналните работници, наместо да се фрла во реката и јавните зелени површини. Во текот на само три дена, комуналните служби собрале вкупно 98 црни вреќи со отпад, што, според надлежните, укажува на потребата од подигнување на јавната свест и културата на живеење.

„Секој отпад има свое место. Во општината на речиси секој чекор е поставена соодветна комунална инфраструктура за одлагање отпад, потребни се само одговорност и грижа за заедничкиот простор“, порачуваат од надлежните служби.

Од општината упатуваат апел за поголема грижа и љубов кон градот, со цел зачувување на животната средина и уредување на јавните простори.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Сериозни злоупотреби во прилепската болница- обвинение против девет лица поднесе ОЈО

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе обвинителен акт против осум физички и едно правно лице за серија криминални дејствија во ЈЗУ Општа болница Прилеп. Обвинителството ги товари за продолжени кривични дела „Проневера во службата“ и „Злоупотреба на јавни набавки и јавни повици“. Според обвинението, поранешната директорка на ЈЗУ Општа болница Прилеп,...

Прилеп подготвен за карневалот ПРОЧКА 2026

Од 20 до 23 февруари 2026 година ќе се одржи традиционалниот меѓународниот карневал „Прочка 2026“, во Прилеп. Според програмата, на 20 февруари во 12:00 часот, во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на рачно изработени традиционални и современи маски (сурати). Во сабота, на 21 февруари, точно напладне,...

„Апсолутно романтично“ – изложба и промоција на албумите на Чоканче

Ретроспективна изложба на фотографии и слушачка промоција на албумите Чоканче 1&2 и „Апсолутно романтично“ ќе се одржи на 30.01.2026 /петок/ од 18.30 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“. На настанот ќе се презентира развојниот пат од 40 години на групата Чоканче, чие прво појавување e на 12 март 1983...