Андов на прес најави изградба на брана на „Арамиска чешма“ за водоснабдување на Пониква

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Изградба на брана на „Арамиска чешма“ за водоснабдување на Пониква, за што комплетно е изготвен проект  со техничка документација, најави денеска на прес конференција, носителот на листата со кандидати за советници на Општина Кочани од редовите на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, Александар Андов. Овој проект, според него, треба да биде реализиран до крајот на мандатот на новиот совет.

Освен ова, Андов најави и одлуки со кои преку општинските училишта и образовните центри ќе се обезбеди преквалификација и доквалификација на повредените за да продолжат со своите кариери, како и одлука на новиот советнички состав, со која повредените учениците ќе добијат стипендии, а за оние што ја изгубиле наставната година, дека ќе се обезбеди целосна финансиска и стручна помош за подготовка и полагање на испитите.

Како носител на советничка листа, најавувам и ветувам дека на сите засегнати од немилиот настан ќе им обезбедиме свој општински простор, каде ќе имаат директна комуникација лице в лице со секој советник — а не комуникација преку медиуми или улица и истите ќе бидат вклучени во Годишната програма на Општина Кочани како приоритет, нагласи носителот на советничката листа на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата во Кочани, Александар Андов.

Тој ги повика граѓаните на 19 октомври да излезат и да го заокружат бројот 9 за Советот и за градоначалник на Општина Кочани, со цел градот да има нов почеток, со конкретни решенија, кои ќе донесат подобро утре за сите граѓани без разлика на партиска, верска и национална определба, затоа што тоа, нагласи Андов,  е вистинскиот избор.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Пролеттни Денови на медот“ во Кочани за прв пат….

Денеска, 10 и утре 11 април во Паркот на Револуцијата во Кочани  за прв пат се оддржуваат „Пролетни Денови на медот“  во организација на здруженијата „Златна Кошница“ и „Меден Исток“. На манифестацијата беа изложени мед , пчелни производи (прополис, матичен млеч, креми, како и пчеларска опрема Радио Кочани беше на настанот при што остваривме директна

Денеска е Распети Петок најтажниот и најтешкиот ден во годината за православните верници

Денеска, 10-ти април, Распети Петок, најтажниот и најтешкиот ден во годината за православните верници, денот кога се одбележува страдањето и распнувањето на Исус Христос. Овој ден се поминува во тишина, молитва и строг пост, со богослужби посветени на Христовите страдања. Верниците се поклонуваат пред Плаштаницата, симболично учествувајќи во Христовото погребение. Утревечер, по полноќ, односно во