Андоновски: Прилеп ќе добие Центар за електронски услуги и бесплатна Wi-Fi зона

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Националниот портал за електронски услуги денеска беше промовиран во Прилеп. На промоцијата присуствуваше министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со пратеникот Дејан Проданоски. Министерот Андоновски најави бесплатна Wi-Fi зона, Центар за услуги во Прилеп по примерот на другите општини:

„На плоштадот во Прилеп, ќе биде поставена бесплатна Wi-Fi зона со интернет достапен за сите граѓани на општина Прилеп. Ова е еден голем европски проект кој го реализираме низ општините во Македонија, а Прилеп е еден од приоритетните градови. Прилеп по примерот на другите општини, ќе добие и нов Центар за услуги (ЕТУ Прилеп), кој ќе ги доближи сите електронски услуги достапни на Националниот портал – uslugi.gov.mk – до граѓаните на општина Прилеп. Овој центар ќе биде воспоставен во соработка со локалната самоуправа, и очекуваме дека ќе го отвориме во наредните 3 до 6 месеци“ , истакна Андоновски.

Пратеникот Дејан Проданоски посочи дека Општината со овие услуги ќе го подигне нивото на дигитализација и ќе овозможи поголема достапност на услугите кон граѓаните:

„Алатките кои што ги нуди ова Министерство за дополнителна дигитализација на Локалните самоуправи и олеснување еден ранг подолу на документите кои што би се издавале во иднина од секоја локална самоуправа: почнувајќи од издавање на решенијата за данокот на имот, па се’ завршувајќи до изводи и потврди за точна адреса. Граѓаните во наредниот период треба да очекуваат еден поинтензивен развој на тие услуги,“ посочи Проданоски.

Се очекува од 3 до 6 месеци да биде отворен Центарот за услуги, кој што ќе биде собирна точка за граѓаните кои немаат пристап и алатки до интернет тоа за нив да го направат вработените во специјализираниот центар, зоната за бесплатен интернет да започне со функционирање во наредните 6 месеци, а 10 те најкористени електронски услуги ќе бидат вклучени во наредните 2 години.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Каква стратегија за развој на Прилеп има Јасминка Стојковска, кандидат за градоначалник на Прилеп

Јасминка Стојковска, кандидат за градоначалник за Прилеп од политичката партија „Демократи“, го гледа Прилеп како град со светска визија и како еко wellness дестинација ДОЛГОРОЧНА ВИЗИЈА за туризам во Прилеп за неа преставува – Прилеп – град со светска визија Нејзината мисија е да Прилеп стане град кој ќе биде...

(ВИДЕО)Есенски панаѓур во ООУ Кире Гаврилоски по повод Светскиот ден на храната

Во духот на одбележувањето на Светскиот ден на храната – 16 октомври, во  ООУ Кире Гаврилоски Прилеп се одржа традиционалниот есенски панаѓур, на кој и оваа година беа претставени креативноста, вредноста и заедништвото на учениците и наставниците. На настанот учествуваа сите одделенија, подготвувајќи богата понуда на домашни производи: свежо цедени...

Очекуван рекорд – половина метар гласачко ливче за Локалните избори

Државната изборна комисија денеска од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња за локалните избори кои ќе се одржат в недела на 19 октомври, а најдолгото ливче е 500 милиметри или половина метар. Дистрибуцијата ја вршат 17 тимови на Држаната изборна комисија (ДИК) со обезбедување од МВР. На...