Ана Пејчева прогласена за првенец на генерацијата во ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Ученичката Ана Пејчева е прогласена за првенец на генерацијата 2016–2025 година од страна на Наставничкиот совет на ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани. Во текот на своето образование, Пејчева постигна значајни резултати на меѓународни натпревари, под менторство на нејзината наставничка, м-р Драгана Карова Ангелова.

Таа освоила вкупно 5 први, 6 втори и 1 трета награда, како и една пофалница во категориите пијано и камерна музика (четирирачно пијано), покажувајќи посветеност и исклучителен талент.

Колективот на училиштето ѝ упати искрени честитки и ѝ посака многу успех во понатамошното образование.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

28-годишник од Кочани лишен од слобода бидејќи кај него е пронајдена и одземена марихуана и бела прашкаста материја

На 03.06.2025 во 16.05 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода А.Ѓ .(28) одК очани. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба на Основен суд Кочани, пронајдени и одземени се марихуана и предмети со остатоци од бела прашкаста материја. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе

По девет години верност во „Осогово“, Тоше Манов не е веќе дел од тимот на жолто-сините

Фудбалерот на „Осогово“, Тоше Манов не е повеќе од тимот на жолто-сините, потврди Манов за Радио Кочани. Тој е девет години, дел од тимот на жетварите при што одигра 238 натпревари и постигна 98 голови. Во текот на вчерашниот ден, добив телефонски повик од кој бев известен дека веќе не сум дел од тимот на

Општина Кочани со осумдневен рок за отстранување на нелегалните доградби во ТЦ

Општина Кочани им постави осумдневен рок на сопствениците на пицерии лоцирани во Трговскиот центар да ги отстранат доградбите пред нивните локали. Доколку тоа не се направи во предвидениот рок, ќе следува нивно присилно отстранување од страна на надлежните служби. Комуналните инспектори веќе им доставиле соодветно известување, во кое јасно е нагласено дека структурата што е