Амфенол вработува техничари за квалитет

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

 

Моментално имаме потреба од 2(две) ново вработени лица за работно место:

Техничар за квалитет

Одговорности и задачи:

–  Креирање и проверка на документите за одобрување на дневно производство (валидација) и записи за линија

–  Aнализа на грешките од производство (дневна, неделна, месечна), физичко шкартирање на истите и изработка на МАS документ.

–  Учество во неделната и месечната анализа на грешките

–   Контрола на активностите зададени во QRQC, акциони планови, спроведување на следење на грешките

–  Дневен LPA аудит и подготовка на акционен план спооред пронајдените забелешки

–   Red Bin проверка низ производните линии

–  Спроведување на 5S проверка

–   Директна комуникација со операторите поврзана со предлози за подобрување на процеси

–  Проверка на спроведување на одобрување на дневно производство (валидација) и записи на линија  (превентивно одржување, Control Plan, работни упатства, записи за грешки, следење на материјал)

–  Организација на акција за сортирање и обука на операторите од производство кои треба да ја спроведуваат акцијата, евиденција на резултатите од сортирањето

–   Мерење и проверка на специјални карактеристики, внесување на вредности во SPC IPC монитор и евалуација на истите

Потребни квалификации:

Минимум средно образование (Предност – Високо образование)

Одлично познавање на работа со компјутер

Англиски јазик

Статистички методи за обработка на податоци

Организираност, тимски работник, самостојност

Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 23.05.2025 година по електронски пат на следнава адреса: job@amphenol.mk или директно во канцеларијата на оддел за човечки ресурси со назнака: Техничар за квалитет

Напомена:

Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Меѓународен турнир во карате „63 Ангели“ – во чест на жртвите од пожарот во Кочани

Карате клубот „Партизан“ од Кочани иницира организирање на меѓународен турнир во карате, во чест на жртвите од трагичниот пожар што се случи на 16 март 2025 година во Кочани. По тој повод, денеска претставници на клубот остварија средба со градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, кој изрази целосна поддршка за иницијативата. Според првичните најави, меѓународниот

Скопјанец нашмркан возел во Кочани – полицајците кај него пронашле кокаин

Скопјанец доби кривична пријава затоа што минатиот викенд во Кочани возел под дејство на дрога, а кај него бил пронајден кокаин. Како што се наведува во полицискиот билтен, ОВР Кочани поднело кривична пријава против М.Е.Ј.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,

ДПД Кочани стана дел од државните ресурси за справување со пожари…

ДПД Кочани стана дел од државните ресурси за справување со пожари Од 21 јануари 2026 година, Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Кочани официјално е вклучено во Тимот за брз одговор (ТБО) за пожари на отворено, кој функционира во рамки на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Со потпишувањето на договорот, 16 обучени членови на ДПД Кочани