Амфенол вработува – Процес инженер (поддршка на производни процеси)

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Моментално имаме потреба од 1(едно) ново вработено лице за работно место

 

Процес инженер (поддршка на производни процеси) – КЕ IEData Wiring

 

Одговорности и задачи:

Поддршка на процесот на реализација на производство при воведување на нови процеси и машини на постојни  или на нови производи. Водење сметка дека за тоа се обезбедени неопходниот тренинг и ресурси. Обука на вработените за извршување на операциите
Анализа и планирање на акции за континуирано подобрување  на квалитетот на процесот
Изработка на технички документи, процедури, работни упатства и инструкции за процеси и операции
Проверка и одобрување на оперативноста на опремата. Комуникација со производителот на опремата на начинот на работењето и одржувањето на истата. Унапредување на текот на материјалите помеѓу операциите и процесите. Намалување на времето на изработка.
 Ажурирање на работни упатства во согласност со измените добиени од купувачите

 

Потребни квалификации:

Предност  високо образование  (технички науки)
Работното искуство ке се смета за предност (посебно во производствена фирма)
солидно познавање на работа со компјутери, MS Office, познавање на TOPWIN или друг софтвер за управување на КОМАКС машини, за извршување поправки на машини со употреба на рачен алат
Комуникациски способности, способност за тимска работа

 

Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 13.10.2025 година по електронски пат на следнава адреса: job@amphenol.mk или директно во канцеларијата на оддел за човечки ресурси со назнака: Процес инженер – Data Wiring

 

Напомена:

Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.
Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема да се земат во предвид.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во Виница вечерва ќе се одржи 54. Државен фестивал за непрофесионален (аматерски) филм на Македонија

Вечерва во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница ќе се одржи 54. издание на Државниот фестивал за непрофесионален (аматерски) филм на Македонија. Фестивалот претставува традиционална манифестација што ја организаат на Кино сојуз на Македонија и Народна техника. Право на учество имаат сите граѓани од сите возрасни категории,, кои се занимаваат со филмска дејност. На 54. ДФНФ

Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк

Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални избори, што треба да се одржи в недела на 19 октомври. Политичките партии, независните кандидати и коалиции уште денеска имаат можност да се претстават себе си и своите визии и програми за локалните избори. Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк,

Во нејзиниот дом нападната од сосетка

На 15.10.2025 во 12:40 часот во Полициската станица Кочани, И.Ц.(56) од Кочани пријавила дека на 20.07.2025 во нејзиниот дом била физички нападната од нејзината сосетка Б.„Н“. Се работи на расчистување на случајот, информира СВР Штип.