„Амфенол Технолоџи Македонија“ исплати регрес за годишен одмор на своите вработени

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Денес на сметките на вработените во ,,Амфенол Технолоџи Македонија” ќе биде исплатен регресот за годишен одмор. Во текот на денот е реализирана исплатата на K15.

Секоја година во овој период пред празникот Петровден најголемата компанија во регионот со над 3100 вработени ги исплатува средствата кои секогаш се добредојдени.

Регрес за годишен одмор ќе добијат сите вработени кои во ,,Амфенол Технолоџи Македонија” работат повеќе од шест месеци, а останатите овие парични средства ќе ги добијат на крајот на годината.

Добредојден прилив во буџетот на вработените особено во овој период на летни одмори и пред празникот на градот.

Амфенол Технолоџи Македонија

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

По трет пат, целосно бесплатни курсеви по математика и информатика со ” Бистри умови”

Кочанското здружение БИСТРИ УМОВИ ја тресе цела Македонија Мајчинската љубов и талентот на својот син стануваат двигател на највпечатливата иницијатива што ја менува иднината на младите таленти во земјава Кога мајчинската љубов ќе се спои со упорност и верба во талентот на едно дете, тогаш започнува вистинска промена.   Така започна приказната на Анита Атанасова-Грчев

Инженерка со години го лажела системот за „Пулс“: Проектот за клубот бил фалсификат без елаборат за пожар – само ја менувала насловната страна, објави...

Обвинителниот акт за трагедијата во кочанскиот „Клуб Пулс“ открива шокантни детали за тоа како објектот со години работел врз основа на лажна и некомплетна документација, одобрена од обвинетата инженерка Милка Едровска и нејзината фирма „Венци Проект“. Наместо да ги почитува законските прописи за градба, Едровска се товари дека изготвила документ без клучни безбедносни елементи, а

„63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“, заврши „Маршот на ангелите“ во Скопје

„63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“. Овој моќен повик го означи „Маршот за ангелите“ во Скопје – протестен марш во спомен на 63-те млади луѓе кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март оваа година.   Во организација на граѓанските иницијативи „Кој е следен!“ и „16 Март