Амфенол Технолоџи Македонија го проширува опфатот на кадар до Свети Николе Компанијата најавува проширување на можностите за вработување во производствениот капацитет во Кочани, со што за првпат ќе се отвори можност за вработување на кандидати и од општина Свети Николе. Со цел да се обезбедат подобри услови и поголема достапност на работните места, компанијата организира редовен превоз на релација Свети Николе – Кочани, што ќе им овозможи на заинтересираните кандидати полесен пристап до работните позиции.
Оваа иницијатива претставува нов чекор во развојот на компанијата и отворање на можности за нови вработувања од поширокиот регион. Компанијата континуирано инвестира во својот развој и во луѓето, со цел создавање стабилни работни места, професионален развој и долгорочна соработка со вработените. Заинтересираните кандидати изминатите денови имаа интервјуа за вработување и од понеделник започнуваат со работа во една од најголемите компании во Македонија.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









