Амфенол – Оглас за референт за логистика за производната единица Connexus

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

 

Моментално имаме потреба од 1 (едно) ново вработено лице за работно место: Референт за логистика за производна единица Connexus

Одговорности и задачи:

Креирање извозни документи и организирање на извоз
Организирање на утовар и царинење
Заверка на документи
Изготвување нарачки во медиа нет систем
Креирање на фактури во Висма систем
Организација и оптимизација на транспорт
Контакт со царина
Потврда на веќе испорачана роба во систем
Креирање кредитни фактури во медиа нет систем
Контролира и известува во магацин при испорака на производи
Прави составници во медиа нет систем
Постојана комуникација со купувачи за утовар и испорака

Потребни квалификации:

Образование : Високо образование
Работно искуство : ќе се смета за предност (посебно во производствена фирма од соодветната област)
Знаења и вештини : солидно познавање на работа со компјутери MS Office, познавање на законска регулатива и документација во врска со увозни и извозни формалности
Способности: комуникациски способности, способност за тимска работа, способност за работа под притисок и со кратки рокови;

 

 

Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 20.09.2024 година по електронски пат на следнава адреса: job@amphenol.mk или директно во канцеларијата на оддел за човечки ресурси.

 

Напомена:

Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.
Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема да се земат во предвид.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Виница на листата за трансформација: Неоперативните зони ќе се понудат на домашните инвеститори

Неоперативните зони како оние во Делчево, Берово и во Виница, ќе се трансформираат во индустриски, за да бидат ставени во функција, а ќе им бидат понудени и на домашните компании за да го прошират своето производство, рече денеска директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски. Како што истакна Димовски, одговарајќи на новинарски

ВДЛ Ван Хоол вработува лица на повеќе позиции со или без работно искуство..

 Фабриката за автобуси ВДЛ Ван Хоол вработува со или без работно искуство: автолакери, фарбари и припремачи за фарбање, заварувачи, електричари, автомеханичари, магационери, столари, автолимари, машински и електро-техничари и инсталатери. Аплицирајте на vdlvanhool.com во делот „Кариери“ или јавете  се на 070 333 299.

Едно лице лишено од слобода оти кај него била пронајдена марихуана

На 15.06.2026 во 16:20 часот на ул„Евлија Челебија“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Б.Н.(51) од Кочани затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.