„Амфенол“ и „Еко оил“ обезбедија донација за изградба на патот за поврзување на месноста Цацков Бунар со постоечкиот алтернативен пат Кочани – Тркање

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Со договорот што неодамна го потпишаа Општина Кочани, „Амфенол технолоџи Македонија“ и „Еко оил“ се очекува наскоро да започне постапката за изградба на пат за поврзување на месноста Цацков Бунар со постоечкиот алтернативен пат Кочани – Тркање.

Со договорот за соработка, донација и кофинансирање на Општината, кој се однесува на подобрување на патната инфраструктура, компанијата „Амфенол технолоџи Македонија“ обезбедува донација за асфалтирање на патот за поврзување на месноста Цацков Бунар со постоечкиот алтернативен пат Кочани – Тркање. Компанијата „Еко оил“ ја донира изработката на проектната документација за патот, а Општина Кочани ќе учествува во експропријацијата, како и во пробивањето и тампонирањето на патот.

– Упатувам огромна благодарност до „Амфенол технолоџи Македонија“, компанија која уште еднаш ја потврди својата општествена одговорност со донација за асфалтирање на патот за поврзување на месноста Цацков Бунар со постоечкиот алтернативен пат Кочани – Тркање, со што драстично ќе се подобри патната инфраструктура, а со тоа и безбедноста во сообраќајот во Тркање и неговата околина. Исто така ѝ благодарам и на компанијата „Еко оил“, којашто со донацијата овозможува изработка на проектната документација. На овој начин покажуваме дека умееме брзо и ефикасно да одговориме на потребите на граѓаните и да ги подобриме условите за живот – истакна вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски.

Наскоро, пред Советот на Општина Кочани ќе се најде точка за пренамена на средства во Буџетот за целосна реконструкција и на улицата „Мите Стојчев“ во селото Тркање, со што во наредните месеци ќе биде решен децениски проблем за жителите од селото Тркање.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Патот до вашата испорака – „FLEX TRANS“

Нема маѓија, ама пратката исчезнува од кај што е, а се појавува токму таму каде што треба! Ти уживај, ние возиме! Брз, безбеден превоз со навремена достава. Флекс Транс – соработка со фирми, магацини, стоваришта, онлајн продавници и дистрибутивни центри низ Македонија и целиот регион. 078/602-112 Безбеден товар и точна испорака Не ветуваме чуда, ама

Бидете дел од компактниот тим! Вработуваме доктори по стоматологија…

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани. 

Се бара наместен стан за инајмување во Кочани

Се бара наместен стан за изнајмување во Кочани.Пожелно е станот да биде целосно опремен и подготвен за вселување.Локацијата не е строго определена, но предност има мирна населба со добра поврзаност. Контакт: 078/220 – 032