„Амфенол“ – 12 години моќна индустриска приказна

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Октомври повторно го носи белегот на индустрискиот гигант „Амфенол Технолоџи Македонија“, кој годинава одбележува дванесет години успешна работа и постојан развој. Компанијата континуирано го зголемува бројот на вработени и вложува во модернизација, автоматизација и дигитални решенија, што ја прави препознатлива не само во регионот, туку и на европскиот пазар.
По тој повод денеска во кругот на компанијата се реализираше пригодна свеченост, посветена на вработените и нивните семејства.
За најмалите имаше детско катче со забавни реквизите, како и маскоти од омилените цртани ликови.
Исто така, денеска на спорските терени во ОУ „Никола Карев“ беше одигран меѓународниот фудбаски турнир со братските компании од Чешка, Словачка и Германија.
Во моментов, повеќе од 3.220 луѓе се дел од големото семејство на „Амфенол“, а бројката секојдневно расте.
Новите технологии и роботизираните системи овозможуваат прецизност и ефикасност, но човечкиот фактор и понатаму останува клучен за успехот на компанијата.
Генералниот менаџер Сашко Наков истакна дека е горд на постигнатите резултати и тимот што стои зад него.
 Прославата продолжува и в понеделник, кога ќе биде пуштена во употреба новата хала веднаш до постоечките единици.
Истиот ден ќе биде поставен и камен темелник на новата зградата при што градежните работи треба да завршат до средината на наредната година.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ИТНО И ПОВОЛНО СЕ ПРОДАВААТ МАШИНИ СОЧУВАНИ И ФУНКЦИОНАЛНИ…

Се продаваат индустриски машини за шиење: Ибердек и опшиварки. Машините се добро сочувани и функционални. Цена по договор! Информации на:   077/ 624 – 181

Конституира новиот Совет на Чешиново-Облешево – Димишков на чело

Советот на Општина Чешиново-Облешево денеска ја одржа својата прва конститутивна седница во новиот мандат. Седницата започна со верификација на мандатите на сите 11 избрани советници, со што и формално беше потврден нивниот легитимитет за извршување на советничката функција. По утврдувањето на мандатите, советниците свечено се заколнаа дека одговорно и совесно ќе ги исполнуваат своите обврски

Општина Кочани доби грант од 50.000 американски долари за изработка на техничка документација за реконструкција на собирниот резервоар и на главниот доводен цевковод за...

По спроведената постапка за евалуација на барањата за финансирање на техничка документација за инфраструктурни проекти од областа на животната средина како дел од Третиот повик во рамките на Фондот за техничка документација, Општина Кочани доби известување дека е меѓу четирите добитници на грант до 50.000 американски долари. Одобрениот проект на Општина Кочани се однесува на изработка