Александра Димитрова изложува во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

В петок на 25 октомври од 18.30 часот во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде отворена ликовната изложба „Нова димензија во создавање 2 – Портрети“ од авторката Александра Димитрова.

Ликовниот уметник Синиша Новески  во анализата на делата на Александра  Димитрова, вели дека самиот чин на создавање уметничко дело е трансформирање и создавање нова метафизичка димензија, чиј краен резултат е дело кое е поразлично од реалноста.

Затоа сликите на Александра Димитрова, и покрај тоа што мотивите се пејзажот и портретот, се оригинални и претставуваат нејзино индивидуално гледање и креирање на овие мотиви. Во нејзините слики се чувствува силна експресивност и виталност преку играта на ликовниот јазик-подвлекува Новески.

Александра Димитрова е родена во Кочани 1986 год. Во 2001 година се запишува во средно уметничко училиште, ДСУПУ „Лазар Личеновски“ во Скопје, на одделот Применето сликарство. Веднаш по завршување на средното образование во 2005 година продолжува на ФЛУ во Скопје на одделот Сликарство со конзервација и реставрација. Во 2011 год. магистрира на ФЛУ во Скопје. Во 2024 година ги започнува своите докторски студии на НХА во Софија, Р. Бугарија.

Учесник е на многу ликовни колонии, семинари, симпозиуми, организации на ликовни настани и на многу групни изложби во и надвор од својата држава. Досега има остварено многу самостојни проекти, работилници и 12 самостојни изложби во Скопје, Штип, Кавадарци, Кочани, Неготино, Пробиштип, Крива Паланка и др. Од 2009 г. e член на Друштвото на ликовни уметности на Македонија – ДЛУМ во Скопје. Од 2023 година е член и на Друштвото на ликовни уметности на Битола – ДЛУБ.

Од 2017 година активно работи и изработува современи мозаици во соработка со Здружението од Скопје „Добре дојде Macedonia Welcome Centre“.

Моментално работи во НУЦК „Бели мугри“ – Кочани. Oд 2015 година e стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн, а воедно работи и како професор по ликовна уметност во Училиштето за цртање и сликање при НУЦК „Бели мугри“ – Кочани. Со ова училиште има реализирано многу проекти, ликовни работилници, многу изложби и ликовни перформанси.

За љубителите на ликовната уметност изложбата ќе биде отворена до 8 ноември.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Европа гори под топлотниот бран

Жесток топлотен бран го зафати јужна Европа, со неверојатни температури кои достигнаа максимум од 46,6°Ц во Шпанија и го ставија речиси целиот континентален ,дел на Франција во состојба на тревога. Париз (38Ц) е во највисока, црвена тревога, а врвот на Ајфеловата кула е затворен за туристи како превентивна мерка. Во...

Ново музичко задоволство од летните горештини- концерт на женскиот камерен хор „Керамија“

На 4 јули 2025 /петок/ од 19.30 часот на летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт на женскиот камерен хор „Керамија“. Гости на концертот се КУД „Стив Наумов“ од Битола и Градскиот камерен хор „Астибо“ од Штип. Женски Камерен хор „ Керамија “’ ќе настапри со 1.Ave...

Oтворена изложба „Живи артефакти(ар)тистика“ од уметникот Филип Јовески

На 4 јули 2025 /петок/ од 20.00 часот во Ликвоната галерија ќе биде отворена изложбата „Живи артефакти(ар)тистика“ од уметникот Филип Јовески. После успешното претставување во Културно-информативниот центар на Министерството за култура и туризам во Белград, Србија, прилепскиот мултимедијален трансдисциплинарен визуелен уметник М-р Филип Јовески, својата 12 – та самостојната изложбата...