Александар Андов: Победивме, но не славевме на улица со музика, затоа што сочуствуваме со граѓаните на Кочани….

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Почитувани сограѓани, почитувани претставници на медиумите Вчера, на 19 октомври, се одржа првиот круг од Локалните избори 2025 година.
Изборите во Општина Кочани поминаа во фер и демократска атмосфера, во кое нашите сограѓани ја изразија својата волја за тоа каква општина сакаат да имаат во следните четири години. Како носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, сакам искрено, од срце, да им се заблагодарам на сите граѓани кои ја дадоа својата поддршка за нашата листа, но и на сите оние кои, без разлика за кого гласаа, го искористија своето демократско и граѓанско право да излезат и да гласаат. Како советничка листа, ќе бидеме претставници на сите граѓани — без разлика на политичката, етничката или верската припадност.
Ќе ги застапуваме интересите на сите подеднакво, со чесност, одговорност и посветеност Граѓаните јасно ја покажаа својата волја — ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата се апсолутни победници и за Совет на Општина Кочани кaкo и за Градоначалничка. Разликата во поддршката е значајна или разлика во гласови би изгледала вака колу 2.600 гласа повеќе во однос на второпласираните и околу 2.800 во однос на третопласираните.

Преточено во мандати, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата имаат повеќе советници од обединетите опозициски листи, од листата на Венко Крстевски и  носителката г-ѓа Благица Сабовлјевиќ и СДСМ и Левица еве да го додадеме и ортакот на Крстевски, Аки Акиов и тогаш би биле еднакви во советничките мандати со сите нив заедно што претставува јасна и недвосмислена поддршка од граѓаните Општина Кочани.
Воедно, сакам искрено да им честитам на сите политички партии и новоизбраните советници за освоените мандати. Очекувам дека во следниот период, заедно, ќе носиме одлуки кои ќе бидат исклучиво во интерес на граѓаните на граѓаните затоа што тоа е нашата најгопема обврска и одговорност пред сите вас.
Драги сограѓани, ние како политичка партија не организиравме прослави не излегувавме на улиците и не славевме со музика, затоа што сметаме дека треба да сочувствуваме со сите граѓани. Сакаме да бидеме пример за достоинствено, мирно и културно однесување — како што доликува на идни прететавници на граѓаните.
Нашата цел е Општината да ја водиме скромно, чесно и одговорно, секогаш во функција на интересите на сите жители на Кочани. За жал, видовме и поинакви примери со славја, ветувања и музика во одредени маала.
Но, граѓаните јасно го кажаа своето мислење во првиот круг, а уште појасно ќе го потврдат во вториот круг на 2 Ноември, кога ќе стават крај на лицемерието и ќе ја потврдат поддршката за промените што ги заслужува Кочани.
На крај, уште еднаш ви се заблагодарувам за огромната поддршка и доверба. Ви ветуваме дека нема да ве разочараме. Сите заедно ќе ја градиме новата, подобра иднина на нашиот град.
Ве повикувам на 2 ноември масовно да излеземе и да гласаме за д-р Влатко Грозданов, кандидат за градоначалник на Општина Кочани за стабипност, развој и подобар живот за сите граѓани

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Рото М“ и Ротари клубот Кочани-Виница донираа …

Како што наближува летната сезона, така и општествено одговорните компании и граѓански здруженија, акцентот го ставаат за подобрување на условите во противпжарните друштва, за навремено и доследно справување со евентуални пожари во регионов. По тој повод денеска во ТППЕ – Виница бевме сведоци на донација на противпожарно возило од македонско-словенечката компанија „Рото М“ и Ротари

Вечерва премиера на претставата “ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП” во режија на Гацовска во ЦК ” Бели мугри”

Вечерва во Кочани ќе се одигра премиерата на Детската театарска претстава „ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП“ во сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани. Претставата е приказна за најхраброто девојче кое живее по свои правила, во режија на Сања Гацовска. Играат членовите на драмското студио: Илина Дојчинов, Викторија Наунов, Петар Крстовски, Павел Стоименов, Леона Крстова,

Претреси во Кочани, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице..

  На 24.04.2026 во Кочани, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода К.А.(37) од Кочани. При претреси, по претходно добиена судска наредба, во местото на престојување на К.А., како и во негов деловен објект во Кочани, пронајдени се грутчеста материја, бела прашкаста материја, две дигитални ваги, марихуана и пари. По целосно документирање на