Актуелниот градоначалник на Зрновци, Борчо Коцев повторно ќе биде кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Актуелниот градоначалник на Зрновци, Борчо Коцев повторно ќе биде кандидат за градоначалник од редовите ВМРО ДПМНЕ.

Тој оваа функцијаа ја извршува од 2021 година, откако ја доби довербата од граѓаните.

Драги сограѓани, почитувани пријатели и подржувачи со чувство на голема чест, одговорност и мотивација, ја најавувам мојата кандидатура за втор мандат за Градоначалник на Општина Зрновци
Во оваа пригода, сакам да упатам искрена благодарност до Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Проф. Д-р Христијан Мицкоски, и до раководството на нашата партијата за укажаната доверба и поддршка
Довербата е обврска што се гради со дела, чесност, труд и посветеност. Токму со таков пристап, заедно со Вас, граѓаните на Зрновци, чекоревме напред и создававме видливи резултати.
 Благодарност до Советот на Општина Зрновци, до тимот на локалната самоуправа, до приватниот сектор, земјоделците, младите, учениците, студентите, спортистите, пензионерите – секој успех е заеднички.
 Решивме децениски проблеми, реализиравме низа важни проекти, инфраструктура, социјални услуги, образовни и земјоделски програми, културни и спортски настани. Сето тоа со јасна визија: модерна, развиена и достоинствена општина Зрновци.
Но нашата работа не застанува тука.
 Влегуваме во нова фаза со уште повеќе енергија, проекти и стремеж за подобро утре за секој жител, посетител и инвеститор во општината.
 Со силна поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, со подадена рака од граѓаните, со љубов кон родниот крај, продолжуваме по патот на успехот
Ги градиме темелите на промените
Доаѓа времето на општина Зрновци
ЗРНОВЦИ ЗАСЛУЖУВА ПОВЕЌЕ – И ЌЕ ДОБИЕ ПОВЕЌЕ, се вели во писменото соопштение од Коцев.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Вози сигурно, избери „D Мото“ – Кочани !

Д Мото – Кочани, вистинското место за секој моторџија! Голем избор на делови за мотоцикли, квалитетни акумулатори, издржливи пневматици, модерни кациги и врвна мото козметика – сè на едно место. Сигурност, квалитет и перформанси за вашето возење – секој ден. Локација: под големиот паркинг кај ГТЦ Кочани. Контакт: 071 208 849. Д Мото – за

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во Еразмус + проекти

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во два Еразмус + проекти што се одржаа во Смолјан, Бугарија. Во рамки на проектите, тие учествуваа во обуки и работилници посветени на ментално здравје при што стекна нови знаење и искуства. За својот ангажман добија сертификати, а од

За борачот Ангелов – спртската стипендија од Општината

Борачот Филип Ангелов, член на БК „Спартак“ од Кочани е стипендист на Општина Кочани за спортските резултати што ги постигнаа во борењето минатата година. Ангелов, кој е активен спортист во борењето пет години и е носител на повеќе високи награди на домашно и на меѓународно ниво во 2025 година, е единствениот кандидат што во целост