Oд вкупно 25 во текот на денешниот ден, aктивни се осум пожари на отворен простор заклучно со 18:30 часот, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Изгаснати се 15, а под контрола се пет пожари на отворено.
Во општина Прилеп активни се два пожари помеѓу с. Царевиќ и с. Смолани мешана шума и ниска вегетација и кај с. Никодин, с. Ракле, с. Фариш гори ниска вегетација и ретка шума. Покрај во прилепско гори и во Василево кај с. Нивичино каде гори нискостеблеста шума, во Македонски Брод кај с. Грешница каде се зафатени мешана шума и ниска вегетација, во Липково кај с. Виштица ниска вегетација и стрниште, во Битола кај населба Довлеџик е реактивиран пожарот со зафатена ниска вегетација, во Росоман кај с. Трстеник горат напуштени ниви и во Илинден кај Индустриска зона Илинден каде горат ниска вегетација, слама и објект.