Ќе се пошумува Маркови кули со 6000 дабови дрвца, по повод Денот на Пролетта и екологијата, 21 Март, со цел создавање позелена животна средина на овој локалитет, како заштитено подрачје и споменик на културата.
„По повод Денот на пролетта, 21 Март организираме акција за пошумување на подножјето на Маркови и Кули во соработка со Институтот за Старословенска култура. Средствата за садниците се од проектот, Програмата од Бирото за регионален развој. Ги поканувам сите граѓани во сабота да дојдат во подножјето на Маркови Кули да засадиме 6000 дабови садници и да дадеме придонес во раззеленување на оваа околина. Традиционално, училиштата ќе се вклучат со акција за чистење на дворовите, на просторите на училишното и така во име на екологијата да го прославиме Денот на планетата на Земја или Денот на пролетта, 21 Мат, за да го заслужиме и епитетите, и да бидиме најзелениот град во Македонија.“, повика градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски на заедничка Еко акција за пошумување на Марковите Кули.









