Акција за пошумување на Денот на пролетта – засадени 6.000 дабови садници

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Денеска, како дел од проектот „Пошумување на споменикот на природата Маркови Кули“, финансиран од Бирото за регионален развој, се одржа акција за пошумивме на дел од локалитетот над новите градски гробишта со 6.000 садници на даб. Со акцијата за пошмување на дел од локалитетот Маркову Кули,  Прилеп го одбележа Денот на пролетта и Денот на екологијата.

„Со ова ја зачувуваме природата, го зајакнуваме културното наследство и ја покажуваме нашата посветеност кон иднината на Прилеп. Обезбедена е и дополнителна опрема која ќе им биде на располагање на сите граѓани и волонтери кои сакаат да се вклучат во идни вакви акции за пошумување.Огромна благодарност до сите граѓани, здруженија и институции кои се приклучија и помогнаа! Заедно ја чуваме природата и ја градиме иднината на нашиот Прилеп!“ истакна градоначалникот на Прилеп,Дејан Проданоски.

Акцијата ја организираа локалните власти во соработка со еколошки здруженија, ученици, наставници и граѓани-волонтери. Целта е подобрување на квалитетот на воздухот, заштита од ерозија и зголемување на зелените површини.

„Мене ми е навистина мило тоа што го гледам овде. Секоја им чест за Општината и ЈКП „Комуналец“, кои го организираат ова што го гледате денес и ден претходно. Најголемо задоволство ми прави тоа што гледам и најмали дечиња кои се одзваа на поканата на Општината, со своите родители да дадат еден придонес кон ова што треба да биде слика во цела Македонија.“ истакна, заменик‑директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов.

„Сакаме да упатиме еден апел до сите граѓани на Општина Прилеп да се охрабрат и во иднина да организираат се повеќе вакви акции за пошумување, а Општина Прилеп и ЈП Комуналец и опремата која веќе ја имаме набавено ќе им стојат на располагање заедно да ги сработиме сите тие работи.“посочи проектниот координатор, Гоце Бојкоски .

Организаторите истакнаа дека ова е само почеток на поширок план за пошумување на прилепскиот регион, со цел создавање поздрава и поодржлива животна средина.
Покрај садниците, Општина Прилеп обезбеди и значајна опрема за идни акции, меѓу кои: Трактор, 25 дупчалки за садење и околу 100 парчиња друг алат. Оваа опрема во иднина ќе им биде на располагање на сите граѓани и доброволци кои сакаат да се вклучат во активности за пошумување и унапредување на животната средина.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Проданоски на Светскиот ден со поддршка на лицата со Даунов синдром

Денеска, 21 март, се одбележува Светски ден на лицата со Даунов синдром – ден кој не е само симболика, туку потсетник дека различноста е сила, а не пречка. Денот е посветен на подигање на свеста за лицата со Даунов синдром и на промовирање на нивната инклузија во општеството. Овој датум...

Прилепчанец и прилепчанка фатени со дрога

Битолската полиција привела двајца прилепчани, еден маж и една жена, кај кој, при претрес на  возилото со кое се превезуале, пронашле дрога и дигитална вага. Настанот се сличил, вчера (20.03.2026)  во 21:45 часот во Битола, кога полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода лицата Д.В.(49) и Н.М.(39), двајцата...

Повреден пожарникар од струен удар при гаснење пожар

При интервенција од пожар на куќа, пожарникар од ТППЕ-Прилеп добил стрруен удар и итно бил пренесен во болница. Настанот се случил ,вчера попладене (20.03.2026)  во 16:40 часот кога во ОВР Прилеп било пријавено дека настанал пожар на ул.„Дебарца” во Прилеп. Пожарот ја зафатенл куќата и помошна просторија во  сопственост на...