Три нови наплатни јавни паркинг површини

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во недостиг на паркинг простор, со одука на Советот на Општина Прилеп,  Прилеп ќе добие три нови наплатни паркинг површини. Одлуката е, наплатен паркинт да бидaт паркиралиштето: кај ЦЈЗ – Прилеп, паркинг просторот на ул.11- ти Октомври и паркинг просторот зад бензиската пумпа во ценатор на Прилеп кај Макпетрол, кај Уредот, со неколку паркинг места.

“Предлог-Одлука за дополнување на Одлуката за одредување на јавните паркиралишта на кои ќе се врши наплата на паркирање“ ја изгласа мнозинството советници на последната седница на Советото на Општина Прилеп, каде беше образложена и причината за носењето на ваката одлука , добиена по предлог на ЈП ПУП И ДУП – Прилеп.

Со зголемувањето на бројот на возила, по укинувањето на паркинг просторот во центарот на градот со изградбата на Булеварот “Гоце Делчев“, сега возилата се паркираат во т.н втората зона, во периферијата на градот. Потребата од паркинг простор е се поголема и поголема. Затоа овие паркиралиштето: кај ЦЈЗ- Прилеп, паркинг просторот на ул.11 ти Октомври, од десната страна и 12 тина места кај бензиската на Макпетрол, кај Уредот, ќе бидат наменети за нови јавни паркиралишта на кои ќе се врши наплата. Но,  не го зафајќаме просторот пред и зад Уредот. Со ова не удираме врз џебот на граѓаните, туку му овозможуваме места за паркинг. А, плаќањето на паркинг простор е мерка и за дестимулација – граѓаните да не користат возила, да ја чуваат животната средина и мерка за подигнуваење на јавната свест за користење на јавниот градски превоз„- рече Бранко Нешкоски, директорот на ЈП ПУП и ДУП -Прилеп

На прашањето на советниците од опозицијата “каде станарите  кои живеат во  стабените згради кои тука гравитираа ќе ги паркираат своите возила ако овие паркинт површини се наплаќаа?“т, Нешкоски објасни дека тие граѓани ќе добијат повластени билети кои ЈП за ПУП – Прилеп ги издава за неограничување на времетраењето на паркирање за период до 12 месец.

“Убава е можноста да тие паркинзи бидат поврзани со семафори или рампа, со  апликација во паметните телефони, но во овие тешки финансиски моменти на ЈП ПУП И ДУП , тоа е не возможно“ додаде тој од говорницата на седницата на Советот на Општина Прилеп

 

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

🏃‍➡️Хуманитарна „Трка со срце“ во Прилеп – спортот е многу повеќе од натпревар🏃‍♀️‍➡️

Во  организација на Ротаракт Клуб Прилеп денеска се одржаа две хуманитарни трки во Прилеп „Трка со срце“ низ прилепските улици. На двете патеки од 5 км и од  10 км учествуваа над 300 учесници. Поттикнување на хуманост, заедништво и инклузија е поводот за настанот кој се организира за прв пат....

СВР Битола: За 6 часа казнети 80 мотоциклисти и возачи на тротинети, 44 за неносење кацига

Во акциска контрола во сообраќајот на територијата надлежност на СВР Битола во еден ден за 6 часа биле изречени 80 казни за возачи на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети: „Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за...

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат...