Премиерот Мицкоски се сретна со Јован Костадинов од Виница – во најтешкиот миг покажа што значи храброст, одговорност и човечност

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Премиерот Мицкоски се сретна со Јован Костадинов – млад човек од Виница, кој во најтешкиот миг покажа што значи храброст, одговорност и човечност.

 

Јован, со само 19 години, влезе во запалениот објект во Кочани и спаси 21 живот. Без размислување, со голема присебност и посветеност, тој направи нешто што малкумина би се осмелиле да го сторат.
Јован не е само херој на оваа трагедија, тој е симбол на една нова генерација која знае да направи разлика. Од неговиот чин се учи како да се биде човек, како да се биде достоинствен и несебичен во моментот кога тоа најмногу значи.
Бев информиран дека ќе биде доделена стипендија за Јован Костадинов, како знак на признание за неговата храброст и човечност. Алкалоид, како општествено одговорна компанија, ја презеде оваа иницијатива и на тој начин покажа дека ги препознава и вреднува ваквите светли примери. Благодарност до сите што помагаат во овие тешки моменти за државата и народот.
Јован е светла точка во деновите на темнина. Неговото име ќе остане запаметено, а неговиот пример треба биде уште поголема инспирација за да бидеме подобри, посилни и похрабри граѓани на нашата Македонија, посочи Мицкоски.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Троеручица – нов духовен бисер на храмот „Свети Димитриј“ во Ново Село

Преписот на чудотворната икона на Пресвета Богородица Троеручица од Света Гора веќе е дел од храмот „Свети Димитриј“ во штипско Ново Село, каде во изминатите денови пристигнуваат бројни верници за да се поклонат и помолат. Станува збор за една од најпочитуваните православни светињи, а нејзиното присуство во Штип се смета за настан од особено духовно

Успешен настап на ДПД Кочани на меѓународниот натпревар „ВИП 2026“ во Петроварадин

Четиричлена екипа на ДПД Кочани зеде учество на меѓународниот натпревар во противпожарни игри „ВИП 2026“, кој се одржа во Петроварадин, Република Србија. Натпреварот се одвиваше на четири различни полигони, а во силна конкуренција од 14 екипи од Србија, Хрватска и Словенија, нашата екипа успеа да го освои одличното  трето место. Упатуваме голема благодарност до домаќинот

Рибник „Глобица“ – Вистинскиот избор за освежување од летните горештини…

Мир,…природа ,…езеро, …река …и свежина во топлиот период кој доаѓа се на едно место …. . На само 15 мин возење Рибник ресторан „Свети Ѓорѓи Глобица“ е тука за вас и ви нуди во секое време свежа риба .. крап, сом пастрмка црвеноперка , чипс од крап , … морски специјалитети свежа ципура ,лаврак и