Со 11-сет проекти Општина Прилеп аплицира на вториот јавен повик за владина финансиска поддршка

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Со кои проекти Општина Прилеп ќе аплицира на вториот јавен повик од Министерството за локална самоуправа за финансирање на инфраструктурни проекти, важни за општината ?! Општината објави дека ќе аплицира со 11 проекти и ќе побарува 8 милиони евра, средства од владината финансиска помош за нивна реализација,верувајќи дека средствата ќе бидат одобрени за наведените проекти, за подобрувањ на квалитетот на живеење на граѓаните на Прилеп.

Локалната самоуправа на Општина Прилеп подготвена за реализација на нови капитални проекти! “ напиша градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески на својата ФБ страна и ги наведи проектите:

Реконструкција на дел од плоштад Методија Андонов-Ченто (пред хотел Скопје) и поставување на урбана опрема
Изградба на мост на ул. Победа над река Оревоечка
Реконструкција на ул. Орде Чопела – влез на градот од Македонски Брод
Комплетна реконструкција, вклучително со електротехника, на улицата Трајко Николоски
Изградба на ново детско игралиште во центарот на градот (позади Участакот)
 Изградба на ново детско игралиште на улицата Борка Талески во населбата Типски
 Изградба на водоснабдителен систем во село Лениште
 Реконструкција на главен потисен цевковод за водоснабдување на Индустриската зона и комплексот на Манастирот Св. Димитрија во село Селце
 Изградба на фотонапонска централа која се поставува на објекти (на Пречистителната станица)
 Интеграција на дистрибуирани локации од водоснабдителен систем на град Прилеп во постоечки SCADA систем и интеграција со ГИС систем
 Проект за промена на водоводна мрежа од јазол на Бул. “Гоце Делчев” со улица “Кузман Јосифоски” (бр. 1-55) до јазол на улица “Кузман Јосифоски” со ул. “Ленин” (бр. 1-72) – фаза Хидротехника

Дополнително, во завршна фаза е и подготовката за уште еден капитален проект – Обиколница – Исток (од Сивец до А1), кој е во постапка за добивање на одобрение за градба. Изминатиот период, тимот на Општина Прилеп работеше со максимална посветеност на подготовка и апликација на овие проекти, со цел да реализираме што повеќе значајни инфраструктурни зафати и да ги решиме приоритетните прашања од интерес за граѓаните.“ напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на Прилеп, Борече Јовечски

При првиот јавен повик, Општина Прилеп, аплицираше со четири проекти кои дел се реализираат, дел чекаат реализација:
1. Изградба на кружен тек на улица „11-ти Октомври“, улица „Кеј 9-ти Септември“ и улица „Кеј 1-ви Мај“ (мост „Табана“).
2. Изградба на дел од улица „Победа“, од крстосница со улица „Александар Македонски“ до крстосница со улица „Павел Шатев“.
3. Реконструкција на постоечки водоводни линии во градска четврт Карабдалица. (во централното градско подрачје)
4. Реконструкција на дел од јавна површина со партерно уредување и поставување на урбана опрема во централното градско подрачје на Прилеп (кај хотел „Скопје“).
На вториот јавен повик за општините досега се пријавени околу 400 проекти од 51 општина“, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

🏃‍➡️Хуманитарна „Трка со срце“ во Прилеп – спортот е многу повеќе од натпревар🏃‍♀️‍➡️

Во  организација на Ротаракт Клуб Прилеп денеска се одржаа две хуманитарни трки во Прилеп „Трка со срце“ низ прилепските улици. На двете патеки од 5 км и од  10 км учествуваа над 300 учесници. Поттикнување на хуманост, заедништво и инклузија е поводот за настанот кој се организира за прв пат....

СВР Битола: За 6 часа казнети 80 мотоциклисти и возачи на тротинети, 44 за неносење кацига

Во акциска контрола во сообраќајот на територијата надлежност на СВР Битола во еден ден за 6 часа биле изречени 80 казни за возачи на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети: „Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за...

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат...