(ВИДЕО)МАЛКОСКИ: МИСЛЕВ ДЕКА НЕ Е ВИСТИНСКИ ПИШТОЛ!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Прилеп вчера 24.03.2025 г, се одвивала вистинска драма. Само присебноста на вработените и на директорот, инстиктивните реакции за одбрана биле пресудни да не се случи трагедија предизвикана од напаѓачот познат на институцијата МЦСР Прилеп.

Случајот во кој е вклучен напаѓачот А.Ј (50 г.) во МЦСР Прилеп се водел од 2020 година. „Ние се соочуваме секојдневно со закани,“ вели директорот Зоран Малкоски во изјава за медиумите и додава дека вперениот пиштол мислел оти не е вистински.

Грубата вербална расправа, резултирала со 5 истрели во ходникот на третиот спрат од МЦСР Прилеп и во неколкуте канцеларии каде што вработените се обидувале да го смират напаѓачот. За време на нападот 10 минути до 14 часот вработените повикале Итна помош и Полиција кои брзо реагирале и го привеле напаѓачот.

Не е јасно како институцијата МЦСР Прилеп не била информирана дека лицето избегало пред 4 дена од психијатриска болница во Демир Хисар, а во повеќе наврати било пријавувано од вработената социјална работничка – жртва во нападот дека кон неа тој упатувал закани и ја демнел.

Жртвата на нападот М.Ѓ е со прострелни рани од огнено оружје и од вчера е хоспитализирана во Прилепската болница вон животна опасност. Голем дел од вработените од Прилепскиот Центар за социјална работа по вчерашната драма побарале медициска помош. Истрауматизирани вработените и денес со неверување бараат поголема заштита од системот, а за тоа добија поддршка со мирни собири од нивните колеги во сите 30 Центри за социјална работа во Македонија.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ќе се мијат улиците за почист град

Ќе се мијат главите сообраќајници за почист град, соопштуваат од ЈКП Комуналец, кои ветуваат дека ова миење на улиците, во иднина ќе се одвива редовно. Но, за темелно чистење на овие површините граѓаните ќе мора да ги отстранат паркираните автомобили на тротоарите во одреден термин. Имено, На 15.02.2026 година(недела), од...

Да му помогнеме на 14 годишниот Марко!

Марко Џолевски има само 14 години, а веќе животот го има соочено со редица здравствени предизвици. Неодамна во Турција беше опериран од тумор на жолчката, но неговата битка за подобро здравје сè уште трае, бидејќи живее со епилепсија, нарколепсија, апнеа, замор и болки.По враќањето од Турција, гастрохепатолошките и невролошките состојби...

Прилепчани не се предадоа лесно – битолскиот шампион се помачи за победа

Ракометарите на Прилеп во натпреварот од 21. коло на македонската Суперлига на гостувањето кај Еурофарм Пелистер во Битола, се вратија со пораз,  32-27 (16-12) . Но, РК Прилеп не се предаде и со солидна игра,особено во во второто полувреме држеше мала негатива. На средина од вториот дел  од натпреварот Шипинкоски...