59 – та минута со скандирање на името “Кочани“, а Алиоски со посебна почит кон жртвите

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Потегот на Алиоски за почит не остана не забележан, а 59 минута беше минута со аплауз за респект кон жртвите .

Во победата на Македонија над Лихтенштајн со 3:0 посветена на жртвите од Кочани македонскиот десен бек , Езѓан Алиоски, носеше специјална маица. Под националниот дрес кој беше во црна бојата на кој пишуваше Кочани,  Алиоски носеше друга маица, со македонското знаме и маица посветена на градот каде во голема трагедија каде беа загубени огромен број млади животи. Тоа не остана не забележано. Големината на еден човек е во хунаност и начинот како да се изрази почит, кога тоа е потребно, за солидарност и сплотеност, со чуство на припадност.

Alioski

Хуманоста ја отсликува големината на еден човек. Таа е најчовечната особина, доблест за секој поединец , која  со гордост ја има прилеппското момче, Езѓан Алиоски . Алиоски е роден во Прилеп во 1992 година. Неговото семејство е од с.Црнилиште каде Езѓан израснал. Заминал во Швајцарија како дете со семејствот, каде ја започнал својата фудбалска кариера.

А, на денешниот натпревар на македонската реперзентација, уште еден момент ќе остане како траен белег, за почит. Имено, во 59 мин цел Вадуц , целата публика, со аплауз и скандирајќи го името „Кочани“,  го оддаде својот респект и почит кон жртвите од кочанската трагедија, момент кој не ја остави рамнодушна публиката и разплачи многу лица.

 

.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

🏃‍➡️Хуманитарна „Трка со срце“ во Прилеп – спортот е многу повеќе од натпревар🏃‍♀️‍➡️

Во  организација на Ротаракт Клуб Прилеп денеска се одржаа две хуманитарни трки во Прилеп „Трка со срце“ низ прилепските улици. На двете патеки од 5 км и од  10 км учествуваа над 300 учесници. Поттикнување на хуманост, заедништво и инклузија е поводот за настанот кој се организира за прв пат....

СВР Битола: За 6 часа казнети 80 мотоциклисти и возачи на тротинети, 44 за неносење кацига

Во акциска контрола во сообраќајот на територијата надлежност на СВР Битола во еден ден за 6 часа биле изречени 80 казни за возачи на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети: „Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за...

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат...