Началници и инспектори допринеле за ужасната трагедија во Кочани преку изготвување на незаконски документи

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Денешната отворена постапка против седум полициски службеници е дека помогнале дискотеката „Пулс“ да добие активна лиценца, а немала исполнета основни услови. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за причините поради кои дојде до големата трагедија во Кочани. Меѓу нив има главен инспектор за сообраќајни работи при СВР Штип и самостоен инспектор кои констатирале дека дискотеката „Пулс“ ги исполнила законски услови во делот на заштита на јавен ред и мир.

Третиот и четвртиот осомничен како началници на Одделението за полиција во СВР Штип и началник на СВР Штип одобриле и потпишале известување до Министерството за економија во кое констатирале дека ноќниот клуб ги исполнува законските услови, а не извршиле целосна проверка пред да ја одобрат позитивната согласност за лиценца.

Лицата во моментов се носат пред надлежен судија во рамки на претходна постапка. Досега во притвор се 18 лица.

-Ова се лицата кои што потпишале, овозможиле и допринеле да се случи ужасната трагедија со изготвување на незаконски документи, рече Тошковски за медиумите. Според него, овие дејствија се преземани за издавањето на лиценцата од 2023 година.

Првиот полицаец исто така информира дека досега вкупно 26 лица се поврзани со трагедијата во „Пулс“, но и дека со нив не се затвора списокот на осомничени. Истрагата ќе потрае и понатаму.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Троеручица – нов духовен бисер на храмот „Свети Димитриј“ во Ново Село

Преписот на чудотворната икона на Пресвета Богородица Троеручица од Света Гора веќе е дел од храмот „Свети Димитриј“ во штипско Ново Село, каде во изминатите денови пристигнуваат бројни верници за да се поклонат и помолат. Станува збор за една од најпочитуваните православни светињи, а нејзиното присуство во Штип се смета за настан од особено духовно

Успешен настап на ДПД Кочани на меѓународниот натпревар „ВИП 2026“ во Петроварадин

Четиричлена екипа на ДПД Кочани зеде учество на меѓународниот натпревар во противпожарни игри „ВИП 2026“, кој се одржа во Петроварадин, Република Србија. Натпреварот се одвиваше на четири различни полигони, а во силна конкуренција од 14 екипи од Србија, Хрватска и Словенија, нашата екипа успеа да го освои одличното  трето место. Упатуваме голема благодарност до домаќинот

Рибник „Глобица“ – Вистинскиот избор за освежување од летните горештини…

Мир,…природа ,…езеро, …река …и свежина во топлиот период кој доаѓа се на едно место …. . На само 15 мин возење Рибник ресторан „Свети Ѓорѓи Глобица“ е тука за вас и ви нуди во секое време свежа риба .. крап, сом пастрмка црвеноперка , чипс од крап , … морски специјалитети свежа ципура ,лаврак и