Приведени тројца крадци од Прилеп, одземеното, вратено на сопствениците.

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Вчера при претрес на нините домови, фатени крадци кои краделе накит.

Имено, на 18.03.2025 во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Е.В.(27), Е.В.(47) и Г.Г.(30), сите од Прилеп. При претреси во нивните домови, извршени со наредба од Основен суд Прилеп, биле пронајдени накит и други предмети кои потекнуваат од кривични дела „тешка кражба“, извршени во куќи во Прилеп.

Предметите биле вратени на сопствениците, а лицата биле приведени во полициска станица.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВР Битола.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во знакот на француската поезија поетскиот перформанс „Љубење со стихови“ ги одушеви прилепчани

На денот на виното и денот на вљубените, во кафе-галеријата „Лувр“ во Прилеп, по седми пат  се одржа поетскиот перформанс „Љубење со стихови“ во органзиација на Здружението ЗОКУМ (Здружение за образование, култура и уметност). Поетите, Филип Димкоски и Лина Димоска, членови на ЗОКУМ, пред публиката се претставија со дел од...

Ќе се мијат улиците за почист град

Ќе се мијат главите сообраќајници за почист град, соопштуваат од ЈКП Комуналец, кои ветуваат дека ова миење на улиците, во иднина ќе се одвива редовно. Но, за темелно чистење на овие површините граѓаните ќе мора да ги отстранат паркираните автомобили на тротоарите во одреден термин. Имено, На 15.02.2026 година(недела), од...

Да му помогнеме на 14 годишниот Марко!

Марко Џолевски има само 14 години, а веќе животот го има соочено со редица здравствени предизвици. Неодамна во Турција беше опериран од тумор на жолчката, но неговата битка за подобро здравје сè уште трае, бидејќи живее со епилепсија, нарколепсија, апнеа, замор и болки.По враќањето од Турција, гастрохепатолошките и невролошките состојби...