(Видео) Прилепските средношколци: „Кога функцијата се купува – правдата се губи!“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

„Кога функцијата се купува – правдата се губи“ , „Веќе не е прашање „дали“ туку„кога?“„Македонија цел живот ти е судено да го играш „Тешкото’, беа само дел од  паролите кои денеска ги носеа прилепските средношколците, изразувајќи тага, револт,  жалење, хуманизам и солидарност од трагедијата во Кочани .

Тие, во знак на почит, денеска положуваа цвеќе и палеа свеќи пред параклисот Св. Никола, во центарот на Прилеп и со молчење изразија сочувство до семејствата на настраданите во кочанската трагедија. Велат дека несреќата во Кочани во која животот го загубија 59 млади лица, голем дел од нив нивни врсници, ќе ги натера во иднина да размилсуваа повеќе за сопствената безбедност.Но, бараат одговорност и на институциите: полиција, обвинителство, судовите..

 

Средношколците преку паролите порачаа дека тагата е колективна, но одговорност мора да има. и побараа да живеат во општество каде ќе се чуствуваат безбедни.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

🏃‍➡️Хуманитарна „Трка со срце“ во Прилеп – спортот е многу повеќе од натпревар🏃‍♀️‍➡️

Во  организација на Ротаракт Клуб Прилеп денеска се одржаа две хуманитарни трки во Прилеп „Трка со срце“ низ прилепските улици. На двете патеки од 5 км и од  10 км учествуваа над 300 учесници. Поттикнување на хуманост, заедништво и инклузија е поводот за настанот кој се организира за прв пат....

СВР Битола: За 6 часа казнети 80 мотоциклисти и возачи на тротинети, 44 за неносење кацига

Во акциска контрола во сообраќајот на територијата надлежност на СВР Битола во еден ден за 6 часа биле изречени 80 казни за возачи на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети: „Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за...

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат...