Загинаа Андреј и тапанарот Ѓорѓи од групата ДНК, а Панчо со изгореници во болница

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Mеѓу загинатите во трагедијата во Кочани (неофицијално)  е и Андреј Ѓоршиоски од групата ДНК кој спасувал живот во дискотеката, како и тапанар на групата ДНК, струмичанецот Ѓорги Ѓоргиев (24). Групата  синоќа настапувале во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Веста за загинувањето на тапанарот ја потврдија брат на Ѓорѓи,  Димитар и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов кои изрази жалење за својот сограѓанин.

Инаку, како што претходно објави МИА, Владимир Блажев-Панчо , пак, од групата ДНК има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка, но е свесен, изјави,  утрово за МИА Васко Спасоски од тимот на бендот.

Животоt во страшната трагедина го загуби и вонреден проф. м- р на Факултетот за  Музичка уметност, Сара Пројковска,  пратечкиот вокал на групата ДНК, потвдија нејзините колеги на ФБ, жалејќи за својата колешка и професорка.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во знакот на француската поезија поетскиот перформанс „Љубење со стихови“ ги одушеви прилепчани

На денот на виното и денот на вљубените, во кафе-галеријата „Лувр“ во Прилеп, по седми пат  се одржа поетскиот перформанс „Љубење со стихови“ во органзиација на Здружението ЗОКУМ (Здружение за образование, култура и уметност). Поетите, Филип Димкоски и Лина Димоска, членови на ЗОКУМ, пред публиката се претставија со дел од...

Ќе се мијат улиците за почист град

Ќе се мијат главите сообраќајници за почист град, соопштуваат од ЈКП Комуналец, кои ветуваат дека ова миење на улиците, во иднина ќе се одвива редовно. Но, за темелно чистење на овие површините граѓаните ќе мора да ги отстранат паркираните автомобили на тротоарите во одреден термин. Имено, На 15.02.2026 година(недела), од...

Да му помогнеме на 14 годишниот Марко!

Марко Џолевски има само 14 години, а веќе животот го има соочено со редица здравствени предизвици. Неодамна во Турција беше опериран од тумор на жолчката, но неговата битка за подобро здравје сè уште трае, бидејќи живее со епилепсија, нарколепсија, апнеа, замор и болки.По враќањето од Турција, гастрохепатолошките и невролошките состојби...