Прилепска промоција на „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Утревечер (13.3) во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, со почеток од 18.00 часот, ќе биде промовиран романот „Единствен матичен број“ од македонската писателка Лидија Димковска, во присуство на авторката. Романот е носител на традиционалната престижна награда „Роман на годината“ што ја доделува фондацијата „Славко Јаневски“.

Овој роман ја третира актуелната стварност низ призмата на авторската посебност. Романот говори за алиенацијата на човекот во новото „современо“ време, освестувачки роман за реалноста и светот околу нас, што заборавивме, како треба да го сакаме. Трогателна приказна за обесчовечувањето на човештвото. Роман – потрага по утопијата на идентитетот преку дистопија на животот.
Промотор на делото ќе  биде поетесата  Виолета Танчева Златева.
„Единствен матичен број“ е четврт роман на Димковска, која што живее и твори во Словенија, оставајќи траен белег не само во македонското, туку  и на светското книжевно творештво.

Лидија Димковска е македонска поетеса, прозаистка, есеистка, теоретичарка на книжевноста и преведувачка.  Завршила  Филолошки факултет во Скопје, а докторирала на тема од романската книжевност на Филолошкиот факултет во Букурешт, Романија. Работела како лекторка по македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Букурешт. Членка е на ДПМ од 1995 година.

Нејзините романи „Скриена камера“ и „Резервен живот“ наградени се со „Стале Попов“ од ДПМ.

Во  2013 година за романот „Резервен живот“, Димковска ја добила наградата за литература на Европската унија.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Живот повторно“ настан организиран од храброто момче Димитар Радески

На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков” – Прилеп ќе се одржи настанот „Живот повторно” кој го организира Димитар Радески од Прилеп воден од лична идеа и инспирација со единствена цел да ја поттикне и подигне свеста за малигните болести и превенција на истите. „Јас, Димитар Радески, како канцер...

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола се гради со силен интензитет

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски денеска извршија увид во градежните работи на автопатот Прилеп – Битола.  „Изградбата се одвива со силна динамика, сите предизвици што се појавуваат на трасата се надминуваат со добра координација на...

„Педали и приказни“ на плоштад во Прилеп: музика, возење велосипед, проекција на филмови

Форум за Авангардна Креативност – Прилеп (ФАК) и NGO Go Green работат на реализирање на проектот „Педали и приказни“ помогнати од фондацијата HEARTEFACT, во соработка со Општина Прилеп, НУЦК Марко Цепенков, СОУ Ристе Ристески Ричко, СОУ Ѓорче Петров и CLS Equipment. Во рамките на третата епизода, граѓаните на Прилеп ќе...