Ин Меморијам: Почина најголемиот иноватор од Кочани, Ванчо Димитров

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На 78 години, денеска, почина Ванчо Димитров, иноватор од Кочани, добитник на Гран-при на Светската изложба на иновации „Еурека“ во 1996 година во Брисел за пронајдокот „Систем за апсорпција на издувни гасови“.

Пронајдокот дава одговор за тоа како на безбеден начин да се реши испуштањето
штетни издувни гасови од автомобилите и фабричките и други оџаци и да се спречи
загадувањето на воздухот и животната средина.

Неговата идеја, како што ќе рече самиот, е да се спречат загадувачите кои неконтролирано ја дестабилизираат климата и го доведуваат во прашање опстанокот на светот.

Димитров имаше и други иновации, а една од нив за расадување на ориз е патентирана во Кина.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Панаѓур во Кочани на 16 и 17 мај

Овој викенд, на 16 и 17 мај, на платото кај Градскиот пазар во Кочани ќе се одржи панаѓур со  понуда на облека, обувки и разновидни производи по пристапни цени. Посетителите ќе имаат можност да купат евтина и квалитетна облека за сите возрасти, сезонски артикли, модни додатоци и многу други производи од повеќе продавачи. Панаѓурот ќе

В недела ќе биде осветен манастирот „Св. Димитриј“ во Кочани

Во Кочани, в недела, 17 мај  ќе се одржи свечено осветување на манастирот  „Св. Димитриј“, со почеток во 08:00 часот. Чинот на осветување и Светата архиерејска литургија ќе ги предводи Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион заедно со свештенослушителите од кочанското архиерејско намесништво. Од манастирот упатуваат покана до верниците да присуствуваат на овој значаен духовен

Сопруг физички ја нападнал сопругата во Кочани – пријавуван и за претходно насилно однесување

На 11.05.2026 во 20:45 часот во Полициската станица Кочани, 40-годишна жена од Кочани пријавила дека, по претходна расправија во домот, нејзиниот сопруг Д.Ј. физички ја нападнал. Според пријавеното, тој и претходно се однесувал агресивно и физички ја малтретирал.