Во спомен на Илија Милчин: За името Македонец се крикало и се пекало! (ВИДЕО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На денешен ден, 11 март, 2002 година во Скопје почина прилепчанецот, Илија Милчин, драмски и филмски актер, режисер, преведувач, публицист, еден од основачите на МНТ, почесен член на ДПМ.

Милчин е  роден  на 19 јуни 1918 во Прилеп.   Студирал на отсекот за театарска уметност на Музичката академија во Белград (1941). Дипломирал на Правниот факултет во Софија (1942). Кон крајот на четириесеттите години посетувал постдипломски студии за режија на Државниот театарски институт (ГИТИС) во Москва. Пред почетокот на Втората светска војна, во Прилеп формирал аматерска театарска група, чиишто членови кон крајот на војната се приклучиле кон Културно-уметничката група „Кочо Рацин“ во Горно Врановци (1944). Учествувал во формирањето на Македонскиот народен театар/МНТ (1945), каде што работел како актер и режисер (1945-1983), а ја извршувал и функцијата директор на Драмата (1964-1969).

Формирал и раководел Областен македонски народен театар во Горна Џумаја (денешен Благоевград), Република Бугарија (1947/1948). Во Државна средна театарска школа во Скопје работел како наставник по актерска игра и по историја на театарот (1947-1951). Работел како вонреден професор по актерска игра на отсекот за соло-пеење (1968) и на отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа во Скопје (1970).

До 1973 година бил шеф на Катедрата за актерска игра на Факултетот за драмски уметности, а од 1999 година на овој Факултет на отсекот за актерска игра бил хонорарен професор по предметот правоговор.

Неговиот преведувачки опус опфаќа голем број значајни дела од руски, хрватски, бугарски и француски автори. Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „Кирил Пејчиновиќ“, „Јован Стерија Поповиќ“, „13 Ноември“, „Војдан Чернодрински“.

Видео: Горан Марковски-Бардовите на македонското глумиште

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

За нарачките од „Тему“ , „ АлиЕкспрес“ќе се плаќа 18% ДДВ

Со усвојувањето на измените на Законот за данокот на додадена вредност се укинува досегашното ослободување од ДДВ за комерцијални нарачки до 22 евра, со што платформите како „Тему“, „Али Експрес“, „Шеин“ и другите меѓународни продавници влегуваат под истиот даночен третман како и домашните трговци. Собранието ги усвои измените на Законот...

КОГА ЌЕ СЕ КРЕВА ЛЕПЧЕ ПО ПОВОД СЛАВАТА СВ. АРХАНГЕЛ МИХАИЛ?

ПО ПОВОД СЛАВАТА СВЕТИ АРХАНГЕЛ МИХАИЛ (АРАНГЕЛОВДЕН) лепчињата ќе се креваат (прережуваат) во слава и чест на светителот, исклучиво во црквите,информираат од хранот Св.Благовештение Прилеп ЧЕТВРТОК НА 20ти вп СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА) – лепчињата ќе се креваат од 07.30 до 17.00 часот. во СВЕТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ (ГРЧКА) – од 15.30...

Лирско патување каде водата е мотив – изложба „А“ од Олгица Антовска

На 21 ноември 2025 г./ петок/ од 19.00 ч. во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „А“ од Олгица Антовска. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и труизам.  За изложбата текст од сликарот м-р Тони Чатлески Со овој циклус, авторката нè внесува во едно лирско...