(Видео) Ракометна школа за деца на ЖРК Деспина за поставување на женскиот ракомет на повисок пиедестал

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

За квалитен ракомет несомнено е потребни едукација и многу труд со млади категории. Женскиот ракометен клуб  Деспина веќе ја започна таа мисија, со единствена цел,  од сопствениот погон да  „добива“ ракометарки кои во иднина ќе бидат дел од сениотрскиот тим, за развој на женскиот ракомет во Прилеп и поставување на повисок пиедестал.
Веќе неколку месеци  ЖРК “Деспина“  работи со ракометната женска школа, во кои можат да се запишат сите девојчиња  родени 2019 година, кои го сакаат да спортуваат и да се дружат.  Условите во кои девојчињата ( возараст од 6/7 години до 9/10 години)  ќе тренираат во клуб се повеќе од идеални, зашто месечна чланарина не се плаќа, тренинзите се два пати неделно во салата на ООУ Кире Гаврилоски- Јане,  тренер на новите членови е професор по физичко и здравствено воспитание „и, сите реквизит и патувања кај нас се бесплатни, и тренинзите не се на товар на родителите, споредебено со другите школи“ велат од Ракометниот Клуб ЖРК Деспина.
Разговараме со ЗОРАН СПИРКОСКИ -тренер  и МАГДАЛЕНА ЃОРЃИОСКА, ракометарка
ЦЕЛИОТ РАЗГОВОР МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА:

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

🏃‍➡️Хуманитарна „Трка со срце“ во Прилеп – спортот е многу повеќе од натпревар🏃‍♀️‍➡️

Во  организација на Ротаракт Клуб Прилеп денеска се одржаа две хуманитарни трки во Прилеп „Трка со срце“ низ прилепските улици. На двете патеки од 5 км и од  10 км учествуваа над 300 учесници. Поттикнување на хуманост, заедништво и инклузија е поводот за настанот кој се организира за прв пат....

СВР Битола: За 6 часа казнети 80 мотоциклисти и возачи на тротинети, 44 за неносење кацига

Во акциска контрола во сообраќајот на територијата надлежност на СВР Битола во еден ден за 6 часа биле изречени 80 казни за возачи на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети: „Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за...

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат...