Кои жени ја одбележиле македонската книжевност во 19 век?

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

В четврток на 6 март, од 18.00 часот,  во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп ќе биде промовирана книгата „Жени во македонската книжевност во XIX век“  од д-р Славчо Ковилоски, а во издание на Институтот за македонска книжевност-Скопје.
Книгата „Жени во македонската книжевност од XIX век“ првпат во македонската книжевна наука на едно место, нуди биографии, на досега непознати или малку познати македонски жени, со кои започнал развојот на македонското женско творештво („женско писмо“).
Со неа се надминува сликата за немоста на македонските жени и ним им се овозможува како авторки да го заземат, своето место во македонските книжевни канони.
Во книгата се дадени биографиите и се анализирани делата на: Славка Динкова, Митра Миладинова, Царевна Миладинова-Алексиева, Евтимица Јанчева, Анастасија Милошова, Евгенија Јанчулева, Јанка Каневчева, Марија Зрнева, Султана Чикмакова и Олга Маџарова.
Исто така, накратко е даден осврт и кон записите, говорите и пеењата на монахињата Параскева, ученичката Параскева Димкова и Дафа Цепенкова, сестра на Марко Цепенков.
Како посебни прилози на крајот од книгата, првпат се изнесени делови од нивните творештва, со цел од прва рака, читателите да се запознаат со нивните идеи и стил на пишување.
Така, свое место, овде, ќе најдат повеќе статии, првата полемика водена од македонска жена, првиот расказ, епистоларија, како и првата пиеса и песна пронајдени во ракопис во приватен архив. Сите понудени дела се преведени или адаптирани според правилата на стандардниот македонски јазик. На крајот на книгата се дадени прилози во вид на фотографии на авторките и факсимили од нивните објави и ракописи.
Освен биографиите на авторките и нивните дела, во книгата се разгледуваат почетоците на македонското женско творештво (женско писмо), појавата на женското образование, омилените книги на тогашната женска читателска публика и првите македонски женски просветни и книжевни друштва. Според рецензентот, проф. д-р Јасмина Мојсиева-Гушева, оваа книга, како една од ретките монографии посветени на македонското женско писмо „претставНиува незаобиколна литература за натамошните истражувања што би се однесувале на облас¬та на културната историја на Македонија и потесната дис¬циплина – македонската литературна историја“.
Д-р Славчо Ковилоски работи како научен истражувач во Институтот за македонска литература. Тој е автор на повеќе монографии за македонската културна историја од XIX век и е добитник е на државната награда за наука „Гоце Делчев“.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп: Приведени тројца возачи за тешки прикршувања на сообраќајните прописи

При контрола во сообраќајот во Прилеп полицијата привела тројца кои ги прекршиле сообраќајните прописи: еден за не поседување на возачка дозвола и двајца возачи кои имале алкохол во крвта над дозволеното. Едно возило е одземено. Против нив полицијата ќе поднесе соодветни пријави, соопштуваат од СВР Битола:

(ВИДЕО)По повод 8 ми Март – признание и почит за жените учеснички во сообраќајот

На иницијатива на Авто Контрол Станица за технички преглед Прилеп и годинава центарот на Прилеп беше во знакот на жената – учесник во сообраќајот. Во соработка со Советот за безбедност, МВР и сообраќајната стpука при СОУ “Ристе Ристески – Ричко” Прилеп, денеска во присуство на градоначалникот Дејан Проданоски, претставници од...

(ВИДЕО)Втор собир на земјоделци во Прилеп: Аграрот не може да опстане без финансиската поддршка од државата

Во Прилеп се одржа втората средба на земјоделците од сите сектори во Македонија која беше од отворен карактер. На средбата не присуствуваа претставници од Министерството за земјоделство иако, како што велат организаторите била упатена јавна покана до надлежните. Поради тоа од средбата конкретните заклучоци и барања ќе биле во писмена...