Лидерот „падна“ во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Голем успех на Победа во рамките на третото коло од пролетната етапа од Втората лига. На свој терен „падна“ лидерот на табелата, Македонија „Ѓорче Петров“. „Лавовите“ имаа водство од 0-1, но во вториот дел следуваше комплетен пресврт и успех за Победа во борбата за опстанок (2:1).

ПОБЕДА: И. Николоски, М. Талески, Ивчески, Казимоски, Исмаил (87. Крајоски), Д. Шаркоски, Љумовиќ (87. Каба), Ќерими (63. А. Петрески), Ф. Димоски, Кофиловски, Богевски (69. Арифи). Тренер: Стојанче Дунимаглоски.

МАКЕДОНИЈА ЃП: Стојановиќ, Абдула, Дошев (85. Анастасијески), Размоски, Станковски (71. Маркоски), Велкоски, Попзлатанов, Вецески, Николовски, Христов, Стоилов. Тренер: Бобан Грнчаров.

Следното 19 то коло Победа игра со Арсими.

Насловна фото: Шампион

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)По повод 8 ми Март – признание и почит за жените учеснички во сообраќајот

На иницијатива на Авто Контрол Станица за технички преглед Прилеп и годинава центарот на Прилеп беше во знакот на жената – учесник во сообраќајот. Во соработка со Советот за безбедност, МВР и сообраќајната стpука при СОУ “Ристе Ристески – Ричко” Прилеп, денеска во присуство на градоначалникот Дејан Проданоски, претставници од...

(ВИДЕО)Втор собир на земјоделци во Прилеп: Аграрот не може да опстане без финансиската поддршка од државата

Во Прилеп се одржа втората средба на земјоделците од сите сектори во Македонија која беше од отворен карактер. На средбата не присуствуваа претставници од Министерството за земјоделство иако, како што велат организаторите била упатена јавна покана до надлежните. Поради тоа од средбата конкретните заклучоци и барања ќе биле во писмена...

Млади, хумани и солидарни – учениците од СОУ “Ѓорче Петров“ ја практицираа хуманоста во заедницата

Учениците од СОУ ,,ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ” Прилеп,бод различните профили денеска беа во хуманитарна мисија. Го посетија Домот за стари лица “Киро Крстески – Платник„ и со своите услуги како стручност кои ги изучуваат во средното стручно училиште, предизвикаа насмевки кај штитениците и направија могу среќни лица. Учениците – медицински сестри...