(ВИДЕО) И полиса и штеден влог-Протектор за животно осигурување

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Протектор, Друштво за застапување во осигурувањето е водено од девизата: Не дозволувајте животот да управува со Вас, управувајте Вие со својот живот! Интересно мото, кое се чини недостижно со оглед на брзиот и непредвидлив начин на живот. Но, дали е така?!

Протектор, Друштво за застапување во осигурувањето Прилеп нуди можности, начини и услови  за поседување на полиса за животно осигурување која е ваш штеден влог ; Кои се предностите пред другите полиси за животно осигурување во останатите компании; Како може да се штеди со полисатаод  Протектор?

Воедно, компанијата за осигурување Протектор со седиште во Прилеп има примамливи можности за работа, дополнителна заработка и кариерно напредување во секторот. Заинтересираните со амбиција и посветеност, кои сами можат да го организираат своето работно време и да остваруват голема заработка. Преку востановен систем на едукација и наградување, компанијата обезбедува можности за примамлива кариера.  Во тема на денот, програма „Радио што се гледа“  разговаравме со Лина Димоска, застапник на Протектор, Друштво за застапување во осигурувањето Прилеп. Ги објаснивме основните услови за склучување полиса за животно осигурување и како може да се штеди:

-Полисата за животно осигурување Протектор е производ на ексклузивната соработка со Винер Лајф. Само Протектор АД Прилеп смее да ја продава оваа полиса на потенцијалните осигуреници. Покрај штедниот карактер кој што го вклучува, исто така вклучува покритие од 21 тешка болест за осигуреникот и 11 тешки болести за две деца за осигуреникот. Покрај овие покритија кои секако влегуваат во полисата имаме и 2 дополнителни покритија. Тоа е осигурувањето од траен инвалидитет кое се доплаќа и осигурување во случај на операции кое исто така се доплаќа во склоп на полисата. Овие две покритија за разлика од основниот договор за осигурување немаат штеден карактер, вели Лина Димоска, правен застапник на Протектор Прилеп.

Осигуреникот при склучување на полиса за животно осигурување може да вклучи и индексација кое што пак претставува заштита од инфлација на осигурените пари со полисата. Полисата Протектор претставува заштита од непредвидени ризици по здравјето и животот на осигуреникот и на две негови деца. Воздрасната граница за склучување на полисата е од 15 до 60 годишна возраст.

– Главен услов кој што осигуреникот треба да го исполни е да е здрав, токму заради покритијата од болести кои што се содржани во полисата.  Минималната годишна премија која што може да се плаќа е 250 евра, а максималната 3 000 евра, со тоа што осигуреникот може да штеди и повеќе од 3 000 евра, со што следува еден лекарски преглед кој што е бесплатен и е од страна на компанијата Винер Лајф. Доколку се утврди дека осигуреникот е здрав се прифаќа било која годишна премија. Полисата се склучува од најмалку времетраење од 10 години. Ако осигуреник на 60 годишна возраст склучи полиса за животно осигурување, таа трае најмногу до неговата 70 та годишна возраст, вели Димоска.

За оваа полиса со годишна премија од 250 до 3 000 евра не е потребен лекарски преглед. Осигуреникот потпишува изјава дека е здрав, што е содржано во самата понуда за договор за полисата. Со самото потпишување на полисата за животно осигурување Винер Лајф тоа е штеден влог:

-Во самата полиса е наведена осигурената сума. Од првата до третата година, не добивате извештај за остварена добивка на вашиот принос. Затоа што од првата до трета година, осигурителната компанија овие пари ги вложува за реосигурување, ако во случај настапи некоја од тешките болести или се случи смрт кај осигуреникот, осигурителната компанија треба да ја исплати назад кај неговите наследници оваа осигурена сума и таа се реосигурува. После третата година секој клиент добива писмено известување колкава е неговата добивка. Значи после третата година осигуреникот покрај осигурената сума која што ја добива на крајот од истекот на периодот добива и некаква добивка односно принос на капиталот од кој што го вложил, вели Лина Димоска од Протектор.

За сите можности и придобивки од ексклузивната полиса за животно осигурување производ од соработката со Винер Лајф но, и за начините за кариерно напредување посетете ги во нивните канцеларии на булевар во близина на Пензионерското друштво во центарот на Прилеп. За дополнителни информации посетете ја Фејсбук страницата на Протектор Друштво за застапување на осигурувањето Прилеп или веб страницата на Протектор Прилеп  .

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Втор собир на земјоделци во Прилеп: Аграрот не може да опстане без финансиската поддршка од државата

Во Прилеп се одржа втората средба на земјоделците од сите сектори во Македонија која беше од отворен карактер. На средбата не присуствуваа претставници од Министерството за земјоделство иако, како што велат организаторите била упатена јавна покана до надлежните. Поради тоа од средбата конкретните заклучоци и барања ќе биле во писмена...

Млади, хумани и солидарни – учениците од СОУ “Ѓорче Петров“ ја практицираа хуманоста во заедницата

Учениците од СОУ ,,ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ” Прилеп,бод различните профили денеска беа во хуманитарна мисија. Го посетија Домот за стари лица “Киро Крстески – Платник„ и со своите услуги како стручност кои ги изучуваат во средното стручно училиште, предизвикаа насмевки кај штитениците и направија могу среќни лица. Учениците – медицински сестри...

Моментно 200, а во иднина се планирани 700 корисници да добиваат бесплатни интегрирани социјални и здравствени услуги

Во присуство на преставници од Амбасадата на Австрија во Република Македонија, од  федерално Министерството  за социјални работи, здравство нега и заштита на потрошувачите, Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи -Прилеп,  Центарот за развој и едукација – Прилеп денеска ги промовираше придобивките на проектот ТРАНСАКТ,  за давање на интегрирани социјални и здравствени...