Taтко го нападнал синот, полицијата го приведе

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 27.02.2025 во 00.35 часот на ул.„Спасе Темелкоски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода З.И.(62) од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички го нападнал неговиот 29-годишен син. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 26.02.2025 2 во 19.00 часот во ОВР Прилеп, Р.С.(18) од Прилеп пријавил дека на ул„Дојранска“ бил физички нападнат од Р.Н., кој управувал запрежна кола и притоа му се заканувал со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Како до подобар Прилеп?“ – преку потполнување прашалници општината бара мислење од граѓаните

Преку потполнување на анкетни прашалници,  Општина Прилеп ги повикува граѓаните да се вклучат во идентификување на проблемите во општината и да дадат својпридонес за иднината на Прилеп, па на својата официјална web страна општинта објави: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdT6LjAreOGwwpY_XqKjvB4QhXte14ShHUZE3jIwc7H7ZmP6g/viewform?pli=1 https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdT6LjAreOGwwpY_XqKjvB4QhXte14ShHUZE3jIwc7H7ZmP6g/viewform?pli=1    

Револуционерен оперативен зафат во прилепската болница. Се изведе сложена операција на лакт, вторпат во државава

 Специфичен медицински зафат со вградување на ортопластика со вметнување имплант на местото на фрактурата, за прв пат,  а втор пат во Македонија, се изведе денеска на ортопедско-трауматолошкото одделение во прилепската болница. Спасувајќи му ја функционалноста на левата рака на 37-годишениот  пациент, специфичната операција, вградување на имплант на глава на радиус...

Добрила со Чалгија саунд систем ќе гостува во Прилеп

Во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ на 14 јуни 2025/ сабота/ од 20.00 ч.  целовечерен концерт ќе одржи групата „Чалгија саунд систем“. Влезот за концертот е слободен. Бендот Чалгија саунд систем постои од 2008 година со една цел: да истражува низ оставнината на македонската музика, да ги открие нејзините...