(ВИДЕО)Прва класа 7 евра од кгр-највисоката предлог цена на откупувачите за новата тутунска реколта

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Првите понуди за предлог цени за новата тутунска реколта Сојузот на тутунски здруженија категорично ги одбил како неприфатливи. Со мали корекции денеска од Сојузот информираа за новите предлог цени кои повторно се неприкладни за тутунарите.

„Нашите цени што ги понудивме беа 510 денари на првата класа, 450 денари на втората класа, 390 денари. Со проценка по стариот правилник. Според кои просекот за новата реколта би бил 420 до 430 денари за кгр,“ рече Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

Разликата меѓу бараните цени од тутунарите и понудените од откупувачите е 100 денари.

Во актуелното законско решение нема механизам – обврска со која откупните компании би биле приморани да ги испочитуваат барањата на легитимните претставници од тутунопроизводителите.

Ова се предлог цените на откупните компании: Ителмакс понуди за првата класа 420, за втората класа 360, за третата класа 300 денари и за дополнителната 115 денари. Тутунски Комбинат, за првата класа понуди 420, втората класа 360, третата класа 300 денари, и дополнителна 160 денари. Секе за првата класа 415 денари, втората класа 330 денари, третата класа 250 денари и за дополнителна 120. Алијанса понуди за првата класа 415, за втората класа 316, за третата класа 290 и за дополнителна 180. Мисиријан, за првата класа 415, за втората класа 312, за третата класа 250 и за дополнителна 120. Бако: првата класа 420 денари, за втората класа 360, за третата класа 300 денари, за дополнителна 180. Пашовски понуди за првата класа 420 денари, за втората класа 360 денари, за третата класа 290 денари и за дополнителна 180 денари. Кавекс понуди за првата класа 420, за втората класа 340, за третата класа 290 и за дополнителни 180. Сокотаб за првата класа 414, за втората класа 335, за третата класа 250, за дополнителна 120. И Орбита за првата класа 420, за втората класа 340, за третата класа 250 и за дополнителна класа 170.

Најголемите компании кои се присутни на пазарот по неколку децении имаат понудено најниски цени. Според Сојузот бидејќи предлог цените се неприфатливи повторно ќе се оди на варијантата за анекс на договорите пред или за време на откупот.

Откупот завршува заклучно со 28 ми февруари 2025, и веќе од понеделник трети март 10 те откупни компании ќе можат да склучуваат договори со тутунопроизводителите. Преговорите продолжуваат во ресорното министерство: најважна е законската измена со која се бара стариот начин – враќање на улогата на легитимниот претставник на тутунарите во формирањето на цените, односно без согласност на Сојузот да не може да се формираат цени за новата реколта.

Воедно, правилникот за проценка настојуваат од Сојузот да биде според квалитет на производството, со  што би се вреднувал трудот на земјоделците и оваа индустриска култура би ја осигурала својата иднина во Македонија.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Како до подобар Прилеп?“ – преку потполнување прашалници општината бара мислење од граѓаните

Преку потполнување на анкетни прашалници,  Општина Прилеп ги повикува граѓаните да се вклучат во идентификување на проблемите во општината и да дадат својпридонес за иднината на Прилеп, па на својата официјална web страна општинта објави: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdT6LjAreOGwwpY_XqKjvB4QhXte14ShHUZE3jIwc7H7ZmP6g/viewform?pli=1 https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdT6LjAreOGwwpY_XqKjvB4QhXte14ShHUZE3jIwc7H7ZmP6g/viewform?pli=1    

Револуционерен оперативен зафат во прилепската болница. Се изведе сложена операција на лакт, вторпат во државава

 Специфичен медицински зафат со вградување на ортопластика со вметнување имплант на местото на фрактурата, за прв пат,  а втор пат во Македонија, се изведе денеска на ортопедско-трауматолошкото одделение во прилепската болница. Спасувајќи му ја функционалноста на левата рака на 37-годишениот  пациент, специфичната операција, вградување на имплант на глава на радиус...

Добрила со Чалгија саунд систем ќе гостува во Прилеп

Во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ на 14 јуни 2025/ сабота/ од 20.00 ч.  целовечерен концерт ќе одржи групата „Чалгија саунд систем“. Влезот за концертот е слободен. Бендот Чалгија саунд систем постои од 2008 година со една цел: да истражува низ оставнината на македонската музика, да ги открие нејзините...