Во Прилеп одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик (ФОТО+ВИДЕО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На триесеттата седница на Генералната конференција на УНЕСКО, во 1999 година, 21 февруари е прогласен за Меѓународен ден на мајчиниот јазик. Во 2000 година пак, овој датум е промовиран како Ден на лингвистичката и културна разновидност и повеќејазичност.

Во повеќе образовни и културни институции низ Прилеп и во околината на различни начини беше одбележан овој ден.

Изложба на дела од македонски автори, напишани на мајчин јазик подготви Градската библиотека „Борка Талески“-Прилеп. Дел од поставката се делата на истакнати роднокрајни творци, кои дале свој исклучителен придонес за македонскиот јазик.

СОУ „Ристе Ристески Ричко“, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик го одбележа со поетска вечер што се одржа синоќа во кафе Арт. На настанот, органзиран во соработка со Училишната ученичка заедница, учениците се претставија со рецитации и музика, посветени на значењето од постоењето и негувањето на мајчиниот јазик.

Светскиот ден на мајчиниот јазик беше одбележан и во СОУ „Орде Чопела“ Прилеп. На овој настан присуствуваа советничката од Биро за развој на образованието Оливера Тодороска, наставници и ученици од ООУ „Кирил и Методиј“ с.Канатларци и Гимназија „Преродба-Рилиндја“ – с.Житоше.

Учениците пак од ООУ „Блаже Конески“ од Прилеп, заедно со нивната наставничка Весна Црвенкоска, подготвија креативно видео по повод овој значен ден.

Годинава ние одлучивме акцент во одбележувањето да ставиме на 20 Февруари – Светскиот ден на социјалната правда и 21 Февруари – Светски ден на мајчиниот јазик, затоа што без правда нема достоинствен живот, а без јазик сме никој и ништо.
Во нашето училиште беа организирани повеќе активности кои ги испланираа и реализираа наставниците: Весна Арсиќ, Лидија Котеска, Виолета Христоска, Маја Кузманоски, Наташа Проданоска Ристеска и Вера Искова, со поддршка од директорката Мартина Пројческа-велат од ООУ Блаже Конески.

Овој ден го добележаа и учениците од прво до петто одделение со наставничата Аида Јорданоска, заедно со нејзините колешки од ПУ „Пере Тошев“ во с. Дреновци, Општина Долнени. На гости им беше поетот и новинар Филип Димкоски кој им  читаше поезија, а тие му изрецитираа прекрасни песни на македонски, но ја запееја и македонската народна песна „Лилјано моме убаво“.

 

Насловна фотографија:  ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“-Прилеп

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

‼️Да гласаме -„Прилепчанчина“ имаат голема шанса за освојување МИЛИОНЧЕ‼️

Четиричлена екипа ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ има голема шанса да освојат награда од 1 милион денари. Тимот на „Прилепчанчина“ составен  од Иринеј Трајкоски, Антонио Христоски, Христијан Трајкоски и Даријан Мицкоски, сите ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ со својата идеја Локал Лендс (Local Lands) се пласираше во првите...

„Не биди трупец, засади дрво“ – акција за пошумување во билизна на с. Лениште

По повод Светскиот ден на лицата со дијабетес – 14 ноември и негово одбележување, во општина Прилеп ќе се реализира третата по ред акција за пошумување под мотото „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“, во организација на „Сина Револуција“. Акцијата ќе се реализира на 16 ноември 2025/ недела/ од 10.00 часот...

Приказна за човекот и мечката – „Кој кому му е закна ?!„

Ноември – месецот кога шумата тивко се подготвува за зима. Но, зад мирната слика, понекогаш се крие опасност. Денoвиве јавно се говри за нешто што сè почесто го слушаме во вестите: напад на мечка врз човек. Се започнало како обично утро – човек излегува да бере печурки во шумата. Но,...