„Замрзнати“ дел од цените на основните продукти

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Владата донесе одлука – ограничување на бруто профитната маржа (БПМ) во трговија на големо и во трговија на мало и одлука за утврдување на највисоките цени за одделни производи во трговијата на големо и во трговијата на мало. Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески информираше дека целта е да се заштити животниот стандард на населението, да се намалат трошоците за живот во потрошувачката кошница за храна и пијалоци и кај средствата за лична хигиена, Владата донела одлука со која се ограничува маржата во трговија на големо и трговија на мало на 102 групи на производи или на над 1000 прехранбени и непрехранбени производи:

на 5 отсто БПМ на основните осум прехранбени производи и тоа млеко, леб, брашно тип 400 и 500, јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко или вкупно осум групи на производи, на 10 отсто ограничена БПМ на прехранбени производи каде опфаќа група од 55 прехранбени производи – месо и преработки од месо, шеќер, млечни производи, маргарин, путер, конзервиран зеленчук и овошје, грав, ориз и тестенини, и на ограничување на 15 отсто на БПМ на 39 прехранбени производи и средства за хигиена и тоа свежо овошје и зеленчук, детергенти, бебешка храна, пелени, сапун, тоалетна хартија и слично.

Анализата на ДПИ покажа дека трговците на големо и тровците на мало пресметуваат БПМ од 20 до 25 осто за основните производи во трговијата на мало, а од 20 до 50 отсто во трговијата на големо. Со оваа одлука се задолжуваат сите кои се учесници во трговијата на големо и во трговијата на мало, сите овие 102 групи на производи, најмалку 70 проценти да бидат присутни на рафт , рече министерот Ристески.

Донесена и одлука за утврдување на највисоки цени на осум групи основни прехранбени производи во трговијата на големо и трговијата на мало при што како највисока цена се утврдени цените кои што се применувале на 1 февруари 2025 година.

Двете одлуки ќе стапат на сила следниот ден по објавувањето на одлуките во Службен весник, а ќе траат до 30 април. Нашите очекувањата се дека со овие две одлуки цените на основите прехранбени производи кои се содржани во одлуката ќе се намалат во просек за околу 10 отсто, освен осумте основни прехранбени производи – млеко, леб, брашно тип 400 и 500, јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко за кои се очекува да останат на исто ниво, односно да не се зголемуваат или да има минимално намалување, рече Ристески.

Стигнале предлози и од трговците и од дистрибутерите. Согласно анализата на Министерството и податоците кои ги добиле од ДПИ ваквите одлуки ќе придонесат за стабилизирање и намалување на цените на основните прехранбени производи и за заштита на животниот стандард на граѓаните барем до 30 април кога има и два гоилеми верски празници – велигден и рамазан.

ДПИ ќе биде максимално вклучен на терен и онаму каде ќе бидат откриени неправилности, ќе бидат ригорозно казнувани, а казните се и до 20.000 евра, подвлече Ристески.

Владата добила повеќе од 20 предлози од трговците на мало и на големо, од дистрибутерите. Дел од предлозите биле прифатени, но најважни биле анализите на ДПИ при донесувањето на овие одлуки на Влада во однос на маржите.

Веќе имаме скалесто ограничување на бруто профитната маржа што беше дел од нивните предлози од 5,10 и 15 отсто во однос на марќите во трговијата на големо и на мало, рече Ристески

Прашан за тоа кога ќе профункционира Законот за нефер трговски практики за основни прехранбени земјоделски произво, тој кажа дека надлежноста на контролата е на Комисијата за заштита од конкуренцијата, која е независен орган и одговара пред Собранието. За самата Комисија рече дека таа е дооформена до 1 јануари и веќе работи, а со цел да се доекипира, предвидени се и нови осум вработувања.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат...

Врачени наградите на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: Во време на општото сеедно, треба да сте храбри за да ја остварите вашата визија

Со врачувањето на наградите и изведбата на претставата „Црно злато“ од Дејан Дуковски, во режија на Оливер Фрљиќ на Београдско драмско позориште, синоќа беше спуштена завесата на 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Публиката го наполни гледалиштето на големата сала во Центарот за култура „Марко Цепенков“, дојде да...

👨‍👩‍👧‍👦Еду Шампиони – една деценија посветена на знаење и креативност (ВИДЕО)

Еду Шампиони – е приказна што започна пред десет години во Прилеп, како уникатен едукативен јазичен центар и дневен престој за деца. Денес функционира на три локации и претставува бренд препознатлив по иновативниот пристап, креативните работилници и целосната грижа за развојот на најмладите. Професорката по англиски јазик Благица Чатлеска, со...