Ѕуница доби донации од две прилепски училишта

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Континуирано се подобруваат условите за престој и работа во Дневниот центар за лица со посебни потреби „Ѕуница“ Прилеп. Покрај општествено одговорните компании се вклучуваат и прилепските образовни институции и помагаат во рамките на нивните можности.

Денес нашиот Дневен центар е со многу потопли простории благодарение на донациите од Музичко училиште Прилеп со финансиски средства во висина од од 50 000 ден и СОУ „Орде Чопела“со финансиски средства во висина од 20 000ден, информираше Зоран Малкоски, директор на МЦСР Прилеп.

Со добиените донации набавен е електричен котел, кој што е ставен во употреба, со што се подобрени условите за престој на корисниците во објектот на „Ѕуница“.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат...

Врачени наградите на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: Во време на општото сеедно, треба да сте храбри за да ја остварите вашата визија

Со врачувањето на наградите и изведбата на претставата „Црно злато“ од Дејан Дуковски, во режија на Оливер Фрљиќ на Београдско драмско позориште, синоќа беше спуштена завесата на 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Публиката го наполни гледалиштето на големата сала во Центарот за култура „Марко Цепенков“, дојде да...

👨‍👩‍👧‍👦Еду Шампиони – една деценија посветена на знаење и креативност (ВИДЕО)

Еду Шампиони – е приказна што започна пред десет години во Прилеп, како уникатен едукативен јазичен центар и дневен престој за деца. Денес функционира на три локации и претставува бренд препознатлив по иновативниот пристап, креативните работилници и целосната грижа за развојот на најмладите. Професорката по англиски јазик Благица Чатлеска, со...