Крводарителска акција на извидниците: Направи добро дело и спаси нечиј живот!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Извиднички одред „Феникс“ со гордост најавува крводарителска акција која ќе се одржи на 19 февруари 2025 година од 09:00 до 13:00 часот на Одделението за трансфузиологија при ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност „Борка Талески“ – Прилеп. Целта на оваа хуманитарна акција е да се соберат што повеќе единици крв кои ќе бидат искористени за спасување животи на пациенти во болниците и здравствените установи.

Крводарителската акција се организира традиционално четврта година по ред и истата е по повод 22 Февруари – Светскиот ден на извидниците кој се слави под мотото „Направи добро дело!“. Оваа година крводарителската акција е во рамките на јубилејот 10 години извидници во Прилеп односно 10 години од формирањето на Извиднички одред „Феникс“ – најголемата организација за деца и млади во нашиот град.

Дарувањето крв е едноставен, но многу значаен начин на кој секој од нас може да помогне. Кога дарувате крв, може да спасите живот на некого кој се наоѓа во критична здравствена состојба. Потребата за крв е постојана и се зголемува во зимскиот период кога бројот на медицински интервенции, операции и незгоди се зголемува. Со оваа акција, ИО Феникс се стреми да ги поттикне граѓаните да покажат хуманост и солидарност, да се вклучат во овој добар чин и да помогнат на оние на кои им е потребно.

Пред да даруваат крв, крводарителите се подложени на здравствена проверка и пополнување на прашалник, односно проверка дали се исполнети сите услови за дарување крв. Повеќе информации околку дарувањето крв може да прочитате на веб-страната на Институтот за Трансфузиологија на линкот https://itm.org.mk/како-се-станува-крводарител/

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Сите даваа поддршка, но нема да има една изборна единица – обидот на ЛДП пропадна

Пропадна обидот на ЛДП да се смени изборниот модел во една изборна единица со отворени листа. Предлогот доби поддршка од само 19 пратеници од опозицијата. Иако од ВМРО ДПМНЕ не гласаа „за“ предлогот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека тие поддржуваат една изборна единица. Според Мицкоски, темата се покренала...

ЗАПОЧНУВА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА СУБВЕНЦИИ: До 31 јули отворено е e-барање за поднесување за 2025 година

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека е отворен електронскиот систем за поднесување на барања за директни плаќања во земјоделството. Краен рок за поднесување на барањата е 31. 07. 2025 година. Во овој период се поднесуваат барања за: – растително производство по обработлива...

„Пар распар“ на Театар Комедија, „Слепци“ на Турскиот театар и независната „Казабалкан“ денес на „Чернодрински“

Нa програмата на претпоследниот ден на фестивалот ќе биде претставата „Пар распар“ од Нил Сајмон, на Театар Комедија во 18 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“. Претставата е во режија на Нина Николиќ, а играат: Валентин Костадиновски, Атанас Атанасовски, Григор Јовановски, Тони Денковски, Сергеј Димоски, Виктор Арсов, Жаклина Петровска...