Во тек јавниот повик за субвенционирање на дел од трошоците за инвертер клими

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По одлуката на Советот на општината на 56 тата седница, од денеска (17.02.2025) објавен е јавниот повик за субвенционирање на инвертер клими за жителите на општина Прилеп.

Општина Прилеп со цел да ги стимулира жителите за примена на грејни тела со инвертер за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, на жителите кои имаат купено грејно тело со инвертер во период од денот објавувањето на јавниот повик, а најдоцна до денот на завршување на јавниот повик, односно до искористување на предвидените средства, ќе им надомести дел од трошоците :

– до 50% од вредноста на набавеното грејно тело со инвертер, но не повеќе од 10.000 денари во нето износ по лице/ домаќинство, за набавка на грејно тело со инвертер за барателите кои поднеселе комплетно барање и  ги исполниле критериумите согласно јавниот повик .

Персоналниот данок на доход паѓа на товар на исплаќачот.

Јавниот повик трае од денот на објавувањето од 17.02.2025 година заклучно со 17.03.2025 година, односно до искористување на предвидените средства, до кога и ќе можат да се достават барањата.

Јавниот повик е објавен на ВЕБ страната на општина Прилеп каде се прецизирани условите за учество.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат...

Врачени наградите на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: Во време на општото сеедно, треба да сте храбри за да ја остварите вашата визија

Со врачувањето на наградите и изведбата на претставата „Црно злато“ од Дејан Дуковски, во режија на Оливер Фрљиќ на Београдско драмско позориште, синоќа беше спуштена завесата на 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Публиката го наполни гледалиштето на големата сала во Центарот за култура „Марко Цепенков“, дојде да...

👨‍👩‍👧‍👦Еду Шампиони – една деценија посветена на знаење и креативност (ВИДЕО)

Еду Шампиони – е приказна што започна пред десет години во Прилеп, како уникатен едукативен јазичен центар и дневен престој за деца. Денес функционира на три локации и претставува бренд препознатлив по иновативниот пристап, креативните работилници и целосната грижа за развојот на најмладите. Професорката по англиски јазик Благица Чатлеска, со...