Татко и син нападнале полициски службеници во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 15.02.2025 околу 17 часот, полициски службеници од СВР Битола и  ОВР Прилеп  на бул„ Гоце Делчев“ во Прилеп ги лишиле од слобода Д.С.(47) и неговиот син М.С., двајцата од Прилеп, затоа што на 15.02.2025 околу 17 часот на бул.„Гоце Делчев” во Прилеп физички нападнале полициски службеници и им упатувале закани. Се преземаат мерки за расчистување на настанот и поднесување на соодветни пријави.
На 15.02.2025 во 15.50 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп на ул. „Стеван Стеваноски – Царчето” во Прилеп ги лишиле од слобода М.С.(32) и Д.Р.(29), двајцата од Прилеп. Имено, при преглед кај М.С. била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат...

Врачени наградите на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: Во време на општото сеедно, треба да сте храбри за да ја остварите вашата визија

Со врачувањето на наградите и изведбата на претставата „Црно злато“ од Дејан Дуковски, во режија на Оливер Фрљиќ на Београдско драмско позориште, синоќа беше спуштена завесата на 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Публиката го наполни гледалиштето на големата сала во Центарот за култура „Марко Цепенков“, дојде да...

👨‍👩‍👧‍👦Еду Шампиони – една деценија посветена на знаење и креативност (ВИДЕО)

Еду Шампиони – е приказна што започна пред десет години во Прилеп, како уникатен едукативен јазичен центар и дневен престој за деца. Денес функционира на три локации и претставува бренд препознатлив по иновативниот пристап, креативните работилници и целосната грижа за развојот на најмладите. Професорката по англиски јазик Благица Чатлеска, со...