РК Вардар триумфираше над Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во рамките на 18. коло на Суперлигата ракометарите на Вардар славеа на домашен терен против Прилеп со 36-25 (16-12) . На полувреме РК имаа некаков резултатски приклучот, 16:12, но во вториот дел Вардар ја покажа силата и продолжението го доби со 20:13.

Најефикасен играч во победничкиот табор беше Милан Лазаревски со осум гола, шест даде Ашраф Маргели, а пет Михаил Аларов. Во таборот на РК Прилеп најефикасни беа Шабановиќ со девет и Квастек со седум гола.

Во 19 тото коло РК Прилеп влегува од 8мата позиција со 14 поени, а Вардар е втор на табелата со 32 бодови.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат...

Врачени наградите на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: Во време на општото сеедно, треба да сте храбри за да ја остварите вашата визија

Со врачувањето на наградите и изведбата на претставата „Црно злато“ од Дејан Дуковски, во режија на Оливер Фрљиќ на Београдско драмско позориште, синоќа беше спуштена завесата на 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Публиката го наполни гледалиштето на големата сала во Центарот за култура „Марко Цепенков“, дојде да...

👨‍👩‍👧‍👦Еду Шампиони – една деценија посветена на знаење и креативност (ВИДЕО)

Еду Шампиони – е приказна што започна пред десет години во Прилеп, како уникатен едукативен јазичен центар и дневен престој за деца. Денес функционира на три локации и претставува бренд препознатлив по иновативниот пристап, креативните работилници и целосната грижа за развојот на најмладите. Професорката по англиски јазик Благица Чатлеска, со...