Општина Зрновци продаде 15 градежни парцели за изградба на семејни куќи

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
        Успешно е спроведена постапка за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија на територијата на општина Зрновци.

По спроведеното електронско јавно надавање, беа оттуѓени 15 градежни парцели со намена А1-изградба на семејни куќи со вкупна површина од 19 000 м2 и остварен приход на општина Зрновци од 1 575 000 денари.

Жителите и посетителите на општина Зрновци го препознаваат развивањето и напредокот на општината. Интересот за купување на градежно земјиште како за индивидуално домување така и за производни капацитети од година во година расте.

Со посветено и континуирано работење во областа на урбанизмот се создаваат услови за правилно уредување на градежното земјиште, а со тоа се овозможуваат градежни парцели за сите заинтересирани правни и физички лица.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Повредените со кошаркарски натпревар во чест на загинатите

В недела, 15 март 2026 година, со почеток во 10:30 ч. ќе се одржи велосипедска тура во чест на загинатите и на повредените во трагедијата. Поаѓањето е од Паркот на Револуцијата, по што учесниците ќе возат низ Оризари, Прибачево, Грдовци, Мојанци, Подлог и покрај местото на трагичниот настан – „Пулс“, по што турата ќе заврши повторно

Велосипедска тура во сеќавање на жртвите и за поддршка на повредените во Пулс

В недела, 15 март 2026 година, со почеток во 10:30 ч. ќе се одржи велосипедска тура во чест на загинатите и на повредените во трагедијата. Поаѓањето е од Паркот на Револуцијата, по што учесниците ќе возат низ Оризари, Прибачево, Грдовци, Мојанци, Подлог и покрај местото на трагичниот настан – „Пулс“, по што турата ќе заврши