Спроведена првата обука од ЦКА-ПХВ циклусот за 2025 година

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Црвен крст на Македонија – Општинската организација Кочани ја спроведе првата од предвидените три обуки во рамки на новиот циклус на проектот Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА – ПХВ).

На обуката присутните младинци се запознаа со историјатот, настанокот и дејствувањето на Црвениот крст и Женевските конвенции и протоколи за заштита.

Обуката ја следеа 32 младинци од основните и средни училишта од Кочани.

 

– Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, за културата како систем од вредности и како да изработуваат мали проекти за помош во заедницата. Тие ја менуваат својата дневна рутина, поминуваат време во истражувања, активности, промоции, разговори со целните групи, тимска работа со цел изработка на малите проекти и помош на лицата кои се таргетирани од нивна страна, истакнаа од Црвен крст Кочани.

 

На следните две обуки од циклусот, младинците ќе се запознаат со начинот на изработка на малите проекти и нивното документирање.

Проектот има за цел регрутирање на нови волонтери во Клубовите на млади, а преку изработка на малите проекти се помага и на социјално загрозени семејства и општо добро на заедницата. Крајниот рок за изработка на малите проекти е до 9 мај.

 

ЦКА-ПХВ е националена програма која Црвениот крст ја имплементира повеќе од 20 години и преку неа на ниво на државата секоја година се изработуваат над 100 проекти од страна на 1300 младинци на возраст од 13 – 17 години

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Од денес со ознака за квалитет на eTwinning училиште

Денес на ОУ ,,Св. Кирил и Методиј” од Кочани му беше доделена Ознаката за квалитет за eTwinning училиште, пишува КиМ Ко Инфо. „Ова признание ја потврдува нашата посветеност на современи, иновативни и колаборативни наставни практики, кои ги поврзуваат учениците и наставниците со европски партнери. eTwinning придонесува за развој на дигитални вештини, креативност, размена на идеи

АПЕЛ: Да го довршиме храмот „Св. Петка“ – во Кочански Дол

Пред околу три децении започна изградбата на храмот посветен на Света Петка, лоциран во селото Кочански дол, а  во негова близина има извор со света вода, за кој многумина веруваат дека е благословен токму од светицата. Иако темелите се осветени, низ годините изградбата се одвиваше бавно поради недостиг на финансии. Денес, благодарение на иницијативата на

Левица со Жаклина Филипова-Свеќаровска во трката за градоначалник на Кочани

Политичката партија Левица ја објави кандидатурата на Жаклина Филипова-Свеќаровска за градоначалничка на Општина Кочани на локалните избори закажани за 19 октомври. Таа е актуелен член на Советот на општината и делува како советничка од редовите на Левица. Со оваа кандидатура, бројот на пријавени кандидати за функцијата градоначалник на Кочани досега достигна пет. Освен кандидатката на