Младите информатичари се подготвуваат за Интернационалната олимпијада – очекуваат донации за да си го платат учеството

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

 

 

МАКЕДОНИЈО, ТИЕ СЕ ТВОЈАТА ИДНИНА – ПОДДРЖИ ГИ !
Осумте најдобри македонски олимпијци по информатика имаат чест да ја претстават Македонија на IATI Интернационалната олимпијада по информатика во Шумен, Бугарија, од 8 до 14 април 2025.
Но, за да заминат, им треба нашата поддршка!
Потребни се 5000 евра за пат, сместување и храна – износ што ќе им овозможи да се натпреваруваат рамо до рамо со најдобрите во светот.
Овие млади генијалци неуморно работат, освојуваат награди и ја носат Македонија на светската мапа на информатиката. Да не дозволиме талентот да остане без шанса!
 Донирајте на:
Сметка: 270076853510197
Халк Банка
Секој ваш денар е чекор кон нивниот успех!
Нашето малку за нив значи многу!, истакна Анита Атанасова Грчев, претседател на здружението „Бистри умови“

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

На 5 мај изложба на учениците од Училиштето за цртање и сликање на ЦК „Бели мугри“

Националната установа Центар за култура „ Бели мугри“ Кочани Ве поканува на отворањето на изложбата насловена „ Портрети“  на учениците од Училиштето за цртање и сликање кое работи во состав на Установата под менторство на Александра Димитрова, стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн. Отварањето на изложбата е закажано за 05.05.2026  година ( вторник

ООУ „Никола Карев“- Реконструиран покривот на спортската сала, мурали на ѕидните површини, табли за ПУ во Тркање

Неколку активности неделава се реализирани  во ООУ „Никола Карев“ од Кочани. Обновени се и реконструирани делови од покривот на спортската сала „Кочанските ангели 16 март 2025“, каде се изведува наставата по физичко образование. Салата е подигната пред 13 години, зафатот е направен во насока на нејзино одржување и обезбедување подобри и побезбедни услови за работа

Што е со булеварот, улиците, Домот за стари лица, паркинзите и останатата инфраструктура во Кочани – Владко Грозданов

Граѓаните имаат право да бидат информирани за случувањата и најновите проекти од Општина кочани. Од нив некои се во изведба, некои во тек, а други пак во проектна документација и никако да започнат. Во моментов течат работите на булеварот „Теодосија Паунов“ од десната страна. Се привршуваат активностите на улицата „Бел Камен“, а се подготвува и