Петто по ред зголемување на платите во Рудник САСА за последните три години

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
И покрај сите предизвици поврзани со растот на оперативните трошоци и нестабилноста на цените на оловото и цинкот на светските пазари, околу 790 вработени во рудникот Саса и оваа година ќе добијат повисоки плати.
Менаџерскиот тим на Саса донесе одлука за ново зголемување на платите во износ од 10% на основната плата. Ова е петто по ред во последните три години, кое почнува да се применува со исплата на јануарската плата.
Заедно со претходните четири покачувања, платите во Саса се зголемени за над 40% во однос на нивото пред 2022 година.
Со најновото зголемување, Саса успеа да ја задржи позитивната разлика помеѓу платите во рудникот и просечната исплатена плата на национално ниво, која беше воспоставена по влезот на компанијата Централ Азија Металс (CAML) во Саса во 2017 година. Имено, со ова зголемување, платите во Саса остануваат значително повисоки од националниот просек, а притоа се поголеми и од платите на вработените во сите останати рударски компании во земјата.
Истовремено, податоците покажуваат дека од 2017 година до денеска, платите во Саса се зголемени за повеќе од 100%, а во истиот временски период, според официјалните податоци од државните институции, вкупните трошоци за живот во земјата се зголемени за околу 40%.
Ова покажува дека со досегашното зголемување на платите, Сaса успешно ја штити и унапредува благосостојбата на своите вработени, наспроти растот на цените и животните трошоци во земјава.
И покрај нестабилноста на цените на пазарот на оловото и цинкот со кои се соочуваме во изминатите неколку години, континуираното зголемување на оперативните трошоци и големите инвестиции што ги правиме за да го продолжиме животниот век на рудникот Саса, сепак најдовме начин и оваа година да направиме значително зголемување на платите на нашите вработени. Се надеваме дека ова ќе претставува уште една дополнителна мотивација за нашите вработени, која ќе се одрази позитивно на продуктивноста и вкупните перформанси на рудникот Саса, а кои се неопходни за неговиот натамошен одржлив развој и обезбедувањето на сигурноста на работните места“, изјави генералниот директор на Рудник Саса, Кристофер Колбурн.
Со сите релевантни податоци за работењето на Саса, вклучувајќи ја и најновата одлука зголемување на платите, запознаени се и претставниците на синдикалните организации во Саса.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

На 5 мај изложба на учениците од Училиштето за цртање и сликање на ЦК „Бели мугри“

Националната установа Центар за култура „ Бели мугри“ Кочани Ве поканува на отворањето на изложбата насловена „ Портрети“  на учениците од Училиштето за цртање и сликање кое работи во состав на Установата под менторство на Александра Димитрова, стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн. Отварањето на изложбата е закажано за 05.05.2026  година ( вторник

ООУ „Никола Карев“- Реконструиран покривот на спортската сала, мурали на ѕидните површини, табли за ПУ во Тркање

Неколку активности неделава се реализирани  во ООУ „Никола Карев“ од Кочани. Обновени се и реконструирани делови од покривот на спортската сала „Кочанските ангели 16 март 2025“, каде се изведува наставата по физичко образование. Салата е подигната пред 13 години, зафатот е направен во насока на нејзино одржување и обезбедување подобри и побезбедни услови за работа

Што е со булеварот, улиците, Домот за стари лица, паркинзите и останатата инфраструктура во Кочани – Владко Грозданов

Граѓаните имаат право да бидат информирани за случувањата и најновите проекти од Општина кочани. Од нив некои се во изведба, некои во тек, а други пак во проектна документација и никако да започнат. Во моментов течат работите на булеварот „Теодосија Паунов“ од десната страна. Се привршуваат активностите на улицата „Бел Камен“, а се подготвува и