Кочани пред скоро половина век…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Видеото што го сподели „Старо Кочани“ на социјалните мрежи предизвика голем интерес во јавноста.

Коментирајќи го градот на оризот во далечната 1982 година, посебно внимание предизвика постот  со наслов „Кочани  – заспаниот џин што чека да се разбуди!“

Не можевме да останеме рамнодушни и да не ги реобјавиме, со искрена надеж дека Кочани повторно ќе биде најубав и најчист град!

Кочани – заспаниот џин што чека да се разбуди!

Деновиве на интернет кружи видео од 1982 година слика од едно друго Кочани. Град што дишел, што живеел, што растел. Река од луѓе, насмеани лица, работници што не можеш да ги разминеш кај Руен. Енергија што се чувствува, надеж што се гледа во очите на секој човек.

Она што ме натера да го напишам овој текст е што ова видео го споделуваат луѓе од други градови, а еден од нив го наслови: „Индустриски, трговски и едукативен џин беше Кочани!“ Некогаш овој град бил препознаван по напредокот, по духот, по луѓето што го граделе со љубов и работа. А денес? Денес Кочани е град што собира отпад од другите градови. Град што стана тема за потсмев. Град што некогаш беше центар на истокот, а денес е центар на отпадот, на негативноста, на заборавот. Каде згасна љубовта кон овој град? Кој го продаде неговиот дух? Дали во бескрајната трка за профит, оние што го водат го изгубија неговото значење? Или уште пострашно дали сите ние дозволивме тоа да се случи? Заборавен од институциите, а најтажно заборавен од сопствената држава.

Во последните години Кочани не се развива – Кочани се гуши. Од најчист град во Македонија, денес е меѓу најзагадените. Погледнете што се случи со депонијата. Дали смееме да гледаме настрана? Но, Кочани не е изгубен. Кочани не е мртов. Џинот само спие. И ќе се разбуди. Ќе се разбуди кога ќе сфатиме дека никој нема да го направи ова место подобро за нас ако ние самите не го направиме.

Кога ќе ја оставиме политиката настрана, кога ќе почнеме да се почитуваме меѓу себе, кога ќе си го сакаме градот како што го сакаа тие луѓе од видеото.

Кочани, граду мој, ќе бидеш најубав повторно!

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Лажен лекар од Словенија измамил баба од Виница

На 23.01.2026 во 08:50 часот во ОВР Виница, 86-годишна жена од Виница пријави дека била измамена од едно лице за сума од 30.000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар од Словенија  и и кажало дека нејзината ќерка, која била на привремена работа во Словенија, се здобила со тешки телесни повреди и

Татко од Кочани си ја нападнал ќерката со тврд предмет – и го одзел мобилниот телефон

На 21.01.2026 во 11:45 часот полициски службеници од СВР Штип го привеле Т.Ј.(44) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека  на 05.01.2026, во семејниот дом, со употреба на тврд предмет, физички ја нападнал неговата 16-годишна ќерка, при што и го одзел мобилниот телефон. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Даријан Павлен – Спортист на годината за 2025 година – Извршен изборот на најдобрите спортисти за минатата година

Општина Кочани и Асоцијацијата на новинари од Кочани го реализираа изборот на најдобрите спортисти за изминатата година. За Спортист на годината за 2025 година е избран Даријан Павлев, член на Боречкиот клуб „Спартак“. Второпласиран е Филип Стојанов од Карате клубот „Партизан“, а на третото место се најде каратистката Наталија Карова од Карате клубот „Кочани“. Во