Ново во Прилеп – Џудо клуб ОСАКА – клуб пред кого престојат многу предизвици (ВИДЕО +ФОТО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Џудото е достапен спорт за секого , со редовна обука и развој на координација и реакција во текот на обуките се стекнува одлична дисциплина но и се формира и зајакнува личноста и нејзиното здравје.Џудото е и инспирација која ве води како идеа на џудо турнирот до крајниот исход без разлика колку противници имате.Таа идеа се појавува и исполнува и понесува.Нуди безброј тренинзи од кои може многу да се научи , а ентузијазмот е голем.Така е и во новоформираниот џудо клуб Осака од Прилеп од каде се носат со мислата дека таму каде треба да се оди е на победничкиот пиедесетал.

Младите се надежта на џудото а ветераните се бесценето искуство на џудото вели главниот тренер Марјан кој најавува и вистинска борба за медали веќе на првиот предизвик на членовите од клубот.Само тренерите со големо искуство и одличните џудо борци кои постигнале врвни резултати можат да ја сознаат разликата и важноста на инспирацијата и мотивацијата и нивнта важност во надминувањето на локалните успеси.Така е и со нашата Теодора  која долги години е блиска со татамите и успесите на нив а сега своето искуство же го пренесува во џудо клубот Осака.

Џудото не е само спорт туку и патување до целосен раст и развој кај младите и носи многу многу предности само од физичката активност а се разбира и успеси кои доаѓаат сами по себе.

Џудо клубот Осака од Прилеп е новина во градот.Младоста и искуството веќе делуваат секојдневно со макотрпни тренинзи и предизвици кои допрва престојат.За оние кои сакаат да ги осознаат тајните на овој спорт тогаш тренинзите се добредојдени во џудо клубот Осака , каде чканарината е бесплатна.Ако е Прилеп центар на џудото во земјава , тогаш ова клубско освежување нека биде ново место за тренирање , зајакнување на личноста и самодовербата и секако дружење кое го поткрева натпреварувачкиот дух.Дојдете и тренирајте во џудо клубот Осака.Во видеото подолу погледнете  и информирајте се за новиот прилепски џудо клуб.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кражба на водоводот во Манастирот Трескавец го пролонгира пуштањето во употреба

Најавен пред година и половина (јуни 2023та) дека ќе се реализира за 4 месеци, водоводот на манастирскиот комплекс Трескавец повторно наиде на пречка. Овој пат причината е кражба на дел од електрониката и каблите од водовoдниот систем. Информацијата стигна како одговор на новинарско прашање за тоа:  До каде се градежните...

(ВИДЕО)Тошеска: Стартуваме со три нови социо-здравствени услуги во регионот на Прилеп

Медицинска сестра во заедницата, спортски едукатори за лица со попреченост, Центар за дневен престој на стари лица за активно стареење… Граѓанската идеја и иницијатива на Здружението Центар за развој и едукација Прилеп за услугата „Помош и нега во домот“ се институционализира со поддршка на Министерството за социјална политика и млади...

Јаков: Ако си ја сакате својата работа, успехот е неминовен (ВИДЕО)

Привршува гласањето за избор на 13 величествени во организација на Радио Пела. Денешен наш соговорник беше директорот на ООУ „Климент Охридски“-Прилеп, Ахил Јаков. За време на негово тригодишно раководење,  училиштетото доби потполно нов сјај, а значително се подобрени условите за работа на учениците и наставниците. Колку е сложено да се...