ССКМ анализа: супермаркетите не се причината за зголемените цени

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Сојузот на стопански комори на Македонија преку соопштение до јавноста информира за податоците од анализата за состојбите со зголемените цени. Според која, комората укажува дека супермаркетите работат со ниски профити, а добавувачите го диктираат ценовниот пазар. Соопштението го објавуваме во целост:
„Сојузот на стопански комори на Македонија направи анализа на пазарот на супермаркети
наспроти добавувачи, која што ги детектира точките каде растат цените и каде треба да се
интервенира. На одржаниот состанок со претставниците на малопродажните ланци и
локалните клучни партнери а врз основа на анализата, се донесоа заклучоци дека потребна
е поголема транспарентност во формирањето на цените, Владата и институциите да ги
прошират контролите на цените и во регулацијата да ги вклучат и добавувачите и
увозниците, да се прошират регулаторните мерки со цел да се спречат добавувачите од
манипулации со цените, а потрошувачите мора да знаат кој ги поставува цените што би се
направило преку јавни кампањи за подигнување на свеста. На состанокот, исто така, беше
договорено меѓу сите малопродажни ланци и локалните клучни партнери да не се примаат
нови ценовници, минимум до крајот на првиот квартал оваа година.
Бројките од анализата покажаа дека супермаркетите не се одговорни за зголемувањето на
цените, а главната ценовна моќ е во рацете на добавувачите и производителите, кои
уживаат значително повисоки профити, додека супермаркетите работат со минимални
маржи.
На прашањето кој ги контролира цените одговорот може да се види во профитната маржа.
Супермаркетите работат со просечна профитна маржа од само 0,83%, а производителите и
дистрибутерите во просек остваруваат 4,32%. Некои добавувачи имаат профитни маржи
над 13%, додека супермаркетите остануваат под 3%.

Анализата покажа екстреми во профитните маржи. Некои производители имаат профитни
маржи кои се далеку над оние на супермаркетите.
Супермаркетите се соочуваат со најголема јавна критика за цените, иако заработуваат
значително помалку по производ од добавувачите.
На листата на 15 најголеми добавувачи се покажува дека овие компании генерираат големи
профити, но вработуваат многу малку луѓе. Тие сочинуваат 11,8% од вкупниот приход на
производителите, но 21,3% од нивниот вкупен профит.

Ова покажува дека високо профитабилните компании со мал број вработени имаат
значително поголема моќ врз пазарот отколку супермаркетите. Супермаркетите
вработуваат значително повеќе луѓе отколку производителите, што ја покажува нивната
важност за економијата.

Супермаркетите се важен фактор за вработеноста во државата, додека производителите
генерираат високи профити со значително помалку работници.

Дури и најпрофитабилниот супермаркет не е ни блиску до профитабилноста на водечките
производители. Некои супермаркети дури и работат со загуба.
Маркетите никогаш не ги зголемуваат цените самостојно, промена на цените се случува
поради промените на цените на производителите или добавувачите и токму поради ова
маркетите се под постојан притисок да се прифатат новите ценовници. Доколку тоа не се
направи, не се испорачуваат производите. Од ова произлегува притисокот врз маркетите и
од потрошувачите или за цените или за недостаток на производи. Само во месец јануари
до маркетите се пристигнати ценовници од над 40 добавувачи и производители во 92
категории и поткатегории производи.
Дополнително, профитната маржа кај маркетите од година во година опаѓа, за разлика од
другата страна каде се зголемува.
Во исто време, меѓународните добавувачи одржуваат значително поголем профит од
супермаркетите. Тие вршат силно влијание врз пазарните цени, ограничувајќи ја
способноста на домашните трговци на мало да ги приспособат цените надолу.
Бројките ја покажуваат вистината, супермаркетите не се причината за зголемените цени.
Додека трговците работат со минимални профити, добавувачите продолжуваат да
остваруваат значителни маржи без да ги намалат цените.
Сојузот на стопански комори на Македонија бара транспарентност и фер одредување на
цените низ целиот синџир на снабдување, па затоа повикуваме на поголема
транспарентност, затоа што време е да се адресира вистинската причина за високите цени
и секој во процесот треба да има одговорност,“ стои во соопштението од Сојузот на стопански комори на Македонија.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО) Прилеп – во тек првиот проект од „Унгарскиот кредит“

Во центрарот на Прилеп (зона Карабдалица) во тек се градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа, возобновување на системот, замена на азбестните цевки со полиетиленски и поставување на нови приклучоци. Ова е еден од трите капитални инфраструктурни проекти што се поддржани од Владата. Водоводната мрежа која се реконструира е стара...

79 години од раѓањето на доајенот Благоја Спиркоски Џумерко

На денешен ден во 1946 година во Прилеп, роден е бардот на македонското театарско, филмско и телевизиско глумиште Благоја Спиркоски Џумерко. Недоброј се неговите одиграни улоги како на театарската, така и на филмксата сцена, а дел од неговите реплики се цитираат до денес, меѓу неговата многубројна публика која го љубеше...

Во Прилеп и Крушево спроведени засилени контроли за почист воздух последната седмица од јануари

Девет општини доставиле извештаи за реализирани активности за периодот од 27ми до 31 јануари 2025 година во Министерството за животна средина и просторно планирање согласно обврските од Акцискиот план со краткорочни мерки за чист воздух за грејната сезона 2024-2025 г.   Секоја општина: Охрид, Битола, Штип, Тетово, Прилеп, Гази Баба,...