(ВИДЕО)Тошеска: услугата „Помош и нега во домот“ станува дел од системот за социјална заштита

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Здружението Центар за развој и едукација склучи управни договори со градоначалниците од трите општини Прилеп, Долнени и Кривогаштани за обезбедување и унапредување на услугата „Помош и нега во домот“. Иницијативата се спроведува со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади, и со тоа оваа услуга ќе дел од македонскиот систем за социјална заштита. Идејата најпрво се реализираше како проект 2023/24 година вели Марина Тошеска, претседателка на Здружението Центар за развој и едукација.

„Започнавме како проект 2023/24 година веќе го потпишавме првиот управен договор со Министерството за труд и социјална политика и задоволство ми е денес да споделам дека за 2025 та година преку Министерството за социјална политика, демографија и млади обезбедени се финансиски средства за оваа услуга да биде достапна заради тоа што се препознаени позитивните придобивки за корисниците, нивните семејства, меѓутоа и за негувателите кои што се вклучени во економија на грижа и секако за самите општини Прилеп, Кривогаштани и Долнени кои што се дел од оваа иницијатива и ја имаат оваа услуга,“ вели Тошеска.

Минатата недела група од претставници од трите општини: тројцата градоначалници, од општините, директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Прилеп под чија надлежност е регионалната социјална заштита, претставници од Министерството за социјална политика и млади и од Здружението Центар за развој и едукација, оствари студиска – работна посета на Австрија каде се запознаа како функционира таму услугата „Помош и нега во домот“.

-„ Она што е во наш фокус во рамките на релевантните стејкхолдери остануваат социјалните услуги и развој на социјалните услуги, следење на квалитетот и унапредувањето. Оваа студиска посета значи многу за нас, бидејќи е едно искуство и воедно можност да видеме добри практики од Република Австрија која што се надевам ќе бидат примените во наш, регионален и локален контекст и навистина ние ќе се пофалиме со поширок спектар на услуги за нашите граѓани, особено за граѓаните во социјален ризик,“ потенцира Тошеска.  

Партнерството со општините има за цел да им овозможи на старите лица и лицата со намален функционален капацитет квалитетна нега и грижа во нивните домови и зајакнување на социјалната заштита на локално ниво. Со услугата „Помош и нега во домот“  се обезбедува поголема достапност на социјалните услуги бидејќи се реализира директно во домовите на граѓаните со цел  да се овозможи посигурна и попријатна средина за оние кои имаат најголема потреба од поддршката.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Млади, хумани и солидарни – учениците од СОУ “Ѓорче Петров“ ја практицираа хуманоста во заедницата

Учениците од СОУ ,,ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ” Прилеп,бод различните профили денеска беа во хуманитарна мисија. Го посетија Домот за стари лица “Киро Крстески – Платник„ и со своите услуги како стручност кои ги изучуваат во средното стручно училиште, предизвикаа насмевки кај штитениците и направија могу среќни лица. Учениците – медицински сестри...

Моментно 200, а во иднина се планирани 700 корисници да добиваат бесплатни интегрирани социјални и здравствени услуги

Во присуство на преставници од Амбасадата на Австрија во Република Македонија, од  федерално Министерството  за социјални работи, здравство нега и заштита на потрошувачите, Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи -Прилеп,  Центарот за развој и едукација – Прилеп денеска ги промовираше придобивките на проектот ТРАНСАКТ,  за давање на интегрирани социјални и здравствени...

Маж во Прилеп нападнат од неговиот син и внук

Повторно семејно насилство во Прилеп, маж пријавил во полиција дека бил нападнат од синот и внукот: